Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Реџеп Исмаил: Скопје повторно ќе биде црвено, Левица ќе биде во советите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
kamikaza-apasiev-redzep

Реџеп Исмаил – Носител на советничката листа во Скопје од Левица, на собирот на партијата во градскиот парк им порача на присутните дека главниот град повторно ќе биде црвен, односно дека тие ќе влезат во советите каде имаат свои кандидати.

— реклама —
— реклама —

"На првите локални избори после Првата светска војна, токму во октомври 1920 година КПЈ и работниот народ во Скопје со над 50 отсто од гласовите - победува, и на скопските улици во поворка се скандира - да живее црвено Скопје! Во трите месеци пред да ја забранат партијата, на 12 седници се носат радикални мерки за домување, комунална инфраструктура и социјална политика. Како во октомври 1920-та, така и овој октомври - на 17-ти ќе отпочне радикален пресврт и Скопје ќе го освојат црвените. И Скопје повторно ќе биде црвено, Левица ќе биде во советите! Да живее црвено Скопје!", рече Реџеп Исмаил - Хактан.

— реклама —

Инаку, Реџеп Исмаил - Хактан е активист, член на ДСП Ленка, основач и член на президиумот на Левица, дел од уредничкиот тим на Антропол. Дипломиран и магистриран политиколог по применета политика на Правниот факултет во Скопје, со фокус на трудова политика. Долгогодишен работник во приватен сектор, тековно вработен во ИТ секторот, преведувач и толкувач од турски на македонски јазик и обратно. Страствен љубител на фудбал, планински врвови и есктремни височини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања