Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше гостин во отворено студио на 1тв и изјави дека луѓето кои се декларираа како реформатори не се исклучени од партијата, тие се членови на истата и со дел од нив се уште е во комуникација.
“Партијата дава шанса, а вие трба да ја искористите. Доколку не ја искористите ве става на клупа, резервна клупа”
Запршан дали реформаторите повторно ќе ги врати во игра, Мицкоски рече “Во политиката нема вечни пријатели ниту вечни непријатели, тоа не е само во Македонија туку е светска пракса”.
Запрашан дали дозволлува спротивно мислење од неговото, тој одговори потврдно, се додека партијата не донесе конечен став. „Различното однесување од партискиот став не е досволено“, изјави Мицкоски
“Сум за партиска дебата, но се додека се донесе партиска одлука”, рече Мицкоски