Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на одговор на новинарско прашање во насока на Правилникот на АВМУ за инфлуенсери истакна дека ги разбира нивните барања и истакна дека можни се промени по барање на Здружението на инфлуенсери.

„Постои правилник донесен врз основа на измените на законот од 2023 година, кој стапи на сила пред некој месец со којшто се бара задолжителна регистрација на инфлуенсерите. Ги слушнав и коментарите на новото Здружение на инфлуенсери, и мислам дека вреди да се дискутира за овие прашања. Да најавам дека можни се и промени, затоа што не сметаме дека треба ригидно да бараме од креаторите на содржини да се однесуваат исто како и платформите за споделување на тие содржини, односно да бараме толку високи критериуми, од страна на физички лица којшто повремено или постојано се занимаваат со оваа работа’’, појасни Андоновски.

— реклама —

„Јас ги споредувам со колумнисти. Ако не бараме високи критериуми за регистрација и еден ригиден пристап кон креаторите на содржина во традиционалните медиуми, не гледам зошто би требало да имале и толку ригиден пристап кон оваа група на луѓе’’.

Министерот Андовски истакна и дека неформалниот водич кој беше донесен создал дополнителни недоразбирања.

— реклама —

„Беше донесен и еден неформален документ наречен водич, кој донесе дополнителна забуна затоа што станува збор за неформален документ којшто нема правна важност, а се сфати или се презентираше дека е задолжителен за употреба за оваа група на креатори на јавното мислење. Тоа создаде дополнително недоразбирање помеѓу едната и другата страна."

— реклама —

Андоновски најави средба со Здружението на инфлуенсери за следната недела, на која ќе се дискутираат сите отворени прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeku0c0k4jt57c1i9CLw

Андоновски: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновси: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Македонија | пред 1 месец

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања