Промени тема
Контакт

РЕК Битола повторно работи со еден блок, а ТЕЦ Неготино исклучен, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

По пожарот на третиот блок и нестручната санација на истиот со кој се нанесе милионска штета, односно се уништи главниот трансформатор на блок 3, РЕК Битола веќе два дена се соочува со нови проблеми. Блокот 1 е исклучен поради пукање на цевки во котелскиот дел, вели Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

„Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Најголемиот производител на електрична енергија веќе два дена работи само со еден блок со половина снага.

Ситуацијата е уште поалармантна ако се знае дека поради нестручност, небрежност или намерно поради неисчистени канали за довод на техничка вода, надвор од мрежа е ТЕЦ Неготино.

— реклама —

ТЕЦ Осломеј и покрај бомбастичните најави има јаглен за само неколку денови.

Со ваквото хаотично работење се доведува и безбедноста на сите вработени како и на енергетските објекти од витално значење. Неспособноста и некомпетентноста со поставување на партиски неискусни кадри, донесени од кафеани како свирачи, рецепционери, автомеханичари на раководни позиции во АД ЕСМ и РЕК Битола, се главна причина за ваквата катастрофална состојба на електроенергетските објекти.

— реклама —

Деновиве најчувана тајна е колкав е моменталниот увоз на електрична енергија и по која цена ќе се палти истата, а сето тоа поради неспособноста на оваа власт. Овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се екстремно високи.

— реклама —

Дали ваквото дилетанско, неодговорно, клептоманско и мафијашко управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола?

За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да понесат одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања