Кандидатот за претседател Блерим Река во вчерашното гостување на телевизија Телма рече дека вечерва од новинарите во емисијата прв пат ја слушнал изјавата на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи дека Македонците се див народ.
-Прв пат ја слушам таа изјава и ако е така, ја осудувам. Ако е таква изјава како што велите, таа е за осудување, рече Река.