„Максимум ова време во Северна Македонија има 1,5 милиони гласачи, а со тоа и се плашам дека може да пропадне изборниот процес, како и дека нема да го има потребниот цензус. Сепак, се надевам дека барем во првиот круг ќе биде постигната потребната излезност, за вториот круг ќе видиме како ќе биде“, вели Блерим Река , еден од кандидатите за претседател на Македонија во интервју за „Ал Џезира“.
Помеѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска вели дека е „најнезависен“ кандидат.
„Убеден сум дека мојот концепт ќе биде поддржан од сите граѓани, бидејќи тоа е универзален концепт, а не национален, не е само концепт за Албанците. Тоа е концепт за функционирање на модерна држава, која граѓаните на Северна Македонија ја заслужуваат. Граѓаните на Северна Македонија на 21 април имаат две опции: да останат во заробена, приватна, неуспешна и нефункционална држава; или да живеат во мултиетничка, европска и модерна република, каде што се почитуваат законите. Без почитување на Уставот и законот, не можеме ништо да постигнеме и затоа мојата порака е: "Закон за сите, никој не е над законот!"