Реконструиран булеварот Видое Смилевски Бато во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација, деновиве заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот Видое Смилевски Бато во општина Аеродром.

— реклама —

На потегот од крстосницата со булевар Србија до булеварот Февруарски поход, во должина од седумстотини метри во двете насоки на булеварот В.С.Бато, освен реконструкцијата на асфалтот, во изминатиов период беше направена и нивелација на постојните шахти и сливници за одведување атмосферска вода, како и замена на оштетените рабници.

— реклама —

Град Скопје со оваа реконструкција направи уште еден градежен зафат што во иднина ќе влијае врз олеснувањето на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, бидејќи со целосната реконструкција на булеварот Февруарски поход, завршувањето на првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, како и градбата на новиот мост од улица  Васко Карангелевски кон Ќерамидница, граѓаните ќе добијат уште една сообраќајна алтернатива за намалување на времето што го поминуваат во возилата.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања