Реконструиран кровот на основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
rekonstruiran-krov-oou-risto-krle-2

Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ заврши реконструкцијата на кровната површина на централното училиште во Кадино.

— реклама —

Во рамки на проектот извршена е целосна замена на постоечката кровна површина на централното училиште. Отстранети се старите салонитни табли кои содржеа азбестни компоненти, отстранети се хоризонталните и вертикалните олуци, поставен е кровен покривач од пластифициран валовит лим. Воедно поставени се хоризонтални и вертикални олуци, опшивки кај вентилациони канали, како и снегобрани.

— реклама —

Денес градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети училиштето заедно со директорот Јовче Петковски.

— реклама —

Реконструкцијата на кровната површина се одвиваше во неколку фази, пришто сега целосно е комплетиран проектот. Со оваа замена на кровната конструкција опфатена е површина од околу 2100м2 на објектот каде е обезбедена хидротермичка изолација, со тоа се спречува протекување и оштетување на внатрешните простории во оваа образовна институција.

ООУ „Ристо Крле“ е изградено пред 44 години, за прв пат се врши замена на кровната површина, а заедно со подрачните објекти во населените места Мралино и Бунарџик учат вкупно 320 ученици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tableti-sosu-ilinden-3

Градоначалникот на општина Илинден им додели смарт таблети на учениците од СОСУ „Илинден“

Скопје | пред 1 година

cisterna-3

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден

Скопје | пред 1 година

DSC_0883

Општина Илинден со поддршка на традиционалните културни вредности

Скопје | пред 1 година

patronat-OOU-Risto-Krle-6

Богата музичка програма по повод патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања