ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Реконструираната улица во Кисела Вода за која граѓаните платија 5 милиони денари, денес е повторно раскопана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
kisela-voda

Точно десет дена граѓаните можеа да ја видат и да возат по реконструираната улица „Антон Попов“ која се наоѓа во Кисела Вода. Од денес истата е повторно раскопана. Станува збор за улицата која почнува од подвозникот кај Црниче до „Шампионче“, односно до почеток на улицата „Димо Хаџи Димов“.

— реклама —

Падна во вода соопштението на Град Скопје во кое се наведуваше дека реконструкцијата на улицата е дел од инфраструктурните проекти што ги реализира Градот со цел овозможување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај. Од денес со повторното раскопување, сообраќајот ниту е побрз, ниту побезбеден.

На 22-ри октомври (понеделник) Град Скопје ги информираше граѓаните дека викендот претходно завршила целосната реконструкција на улицата Антон Попов во Кисела Вода, која започнала минатиот месец.

— реклама —

Градот преку соопштението испратено до јавноста се пофали дека реконструкцијата на оваа улица опфатила поставување на нов асфалт, како и нивелирање на 37 постојни шахти и сливници. Но, очигледно нивелацијата траеше само 10 дена.

Граѓаните на социјалните мрежи се револтирани од ваквата состојба. Не веруваат дека и овој пат се ќе биде направено како што треба. Дополнителен проблем претставува и фактот што по оваа улица сообраќа и автобуската линија „24“ која ги поврзува Припор и Кисела Вода со Карпош. Од властите нема најавено пренасочување на сообраќајот, а движењето по оваа улица во вакви услови се одвива отежнато и потребна е крајна внимателност.

Инаку, улицата е во должина од  584 метри и за нејзината реконструкција од буџетот на Град Скопје се идзвоија 5,5 милиони денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања