Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Рекордни 253 милиони денари за набавка на високопедигриран добиток, вели Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG_3400

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска доделија 103 договори за набавка на високопедигрирани грла добиток, преку Програмата за рурален развој.

— реклама —

Набавката на високопедигрирани грла добиток од увоз или од признати организации согласно Законот за сточарство, е врз основа на јавен повик за мерката 121 од Програмата за рурален развој, распишан во месец јуни 2021 година. На јавниот повик аплицирале вкупно 104 баратели, од кои 103 поднесени барања се прифатени и потпишани се договори за набавка на високопедигрирани грла добиток. Вкупната сума за поддршка на сточарите преку оваа мерка изнесува 253 милиони денари.

— реклама —

“Особено ме радува што годинава имаме рекорден број на потпишани договори, а тоа се должи на нашата постојана комуникација со вас земјоделците, заеднички да креираме мерки, според вашите предлози. Вие сте тие, кои најмногу ја знаете фактичката состојба на терен и знаете што е потребно за мерката да даде позитивни ефекети. Затоа на ваше барање во 2019 година ги променивме условите за апликација за оваа мерка. Со измената на условите овозможивме сточарите прво да ги потпишат договорите за кофинансирање, што значи стартно да имате пари за набавка на добитокот, да не се задолжувате, за разлика од претходно кога прво требаше со сопствени средства да набавите добиток, па дури потоа преку кофинансирање да ги добиете парите. И резултатот веќе го имаме. За 2020 имавме исплата за 68 корисници, а сега со последниот повик од 2021 ќе бидат исплатени 103 корисници за набвака на нови 3.842 грла педигриран добиток. За оваа мерка пред да ги измениме критериумите склучени се 20 договори во износ од околу 3 милиони денари. Денеска 103 договори во вредност од 253 милиони денари. Односно денеска, просекот на овие договори е околу 3 милиоини денари по корисуник, што значи дека вкупно колку што претходно добиле сите, денес може да добие еден корисник.“, рече министерот Николовски.

— реклама —

Преку оваа мерка сточарите добиваат можност за набавка на вкупно 3.842 грла високопедигриран добиток, од кои 2727 јуници (1844 од растата Холштејн, 468 Симентал, 206 Ангус, 177 Лимузин и 32 Херефорд), 1056 овци (607 од расата Лакон, 260 Ил Де Франс и 189 Асаф) и 50 кози од расата Санска, коишто доаѓаат главно од увоз од Централна и Западна Европа со кој што би се видоизменил генетскиот потенцијал кој што го има сточарството.

„Со увозот на високостелен добиток ќе се зголеми и квалитетот на македонското месо и млеко. Со новинаната од Пограмата за 2022 година се надевам дека што поголем процент од предаденото и произведеното македонско млеко ќе биде со висок квалитет што посебно ќе се вреднува со дополнителна субвенција“ рече Бачовски .

Министерот Николовски посочи дека оваа мерка е дополнителен поттик за развојот на сточарството, на млечната индустрија, бидејќи значи подобрување на генетскиот потенцијал, што во најголема мера ќе влијае и врз квалитетот на финалниот производ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nikolovski-lj3

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега - скандалот со ИПАРД средствата

Македонија | пред 2 седмици

nikolovski-lj3

Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryg6492ifplqgt8SkohXz

Николовски за ИПАРД програмата: 130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања

Македонија | пред 3 седмици

nikolovski-lj3

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања