Промени тема
Контакт

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега - скандалот со ИПАРД средствата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
nikolovski-lj3

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагира на како што вели, срамниот одговор што го добил од министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто според него и не содржи никакви информации ниту пак одговори.

„Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно:причините за суспензијата на ИПАРД, времетраењето на блокадата, бројот на загрозени корисници, последиците за земјоделците и планираните чекори за надминување на кризата.

— реклама —

Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти, нема рокови, нема план.

media-libraryma23rno803it1QW99iz

Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување.

— реклама —

А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен.

— реклама —

Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами.“ стои во објавата на Николовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4kd7cu19n25f8YCDIo7

Трипуновски: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library6b5ot8g4v7tfdcw99WB

Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycjjlrj5sor2oaAtnY6b

Трипуновски: Досега откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Македонија | пред 4 месеци

media-librarysmmog7m3ar3jfM4u6Ob

Трипуновски од валандовско: Развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања