Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library5nir9v6qj4lpeQ4TKBP
Илустрација

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.

„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Македонија“, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

— реклама —

Во продолжение се прикажани официјалните споредбени податоци за наплатата за 2024 и 2025 година.

media-library5ps49cfe720vfPfsITG

„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

— реклама —

 Засилени инспекциски контроли и теренски проверки.

 Испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските.

 Едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот).

 Ступување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100%.

 Подобра координација меѓу Министерството и општините.

Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Зголемената наплата овозможува:

 Значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите.

 Инвестиции во комунална инфраструктура.

 Поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори.

 Поголеми средства за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници“, се додава во сооштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања