Јавноста има право да знае, а министерот Бујар Османи е должен да каже кој бил критериумот и мотивот за вклучување на Валентина Божиновска во тој "стратегиски совет"?
Дали "просветлувањето" на актерката за европските вредности се должи на некакво простување на сите нејзини анти-стратегиски испади и говоранции или пак, се должи на "абер из Београда"?
Ако мисли некој дека, ни е потребно потсетување на фашизоидните говори и подривањето на меѓуетничките и меѓуверските односи како "стратешки интереси и столбови на националната безбедност на Македонија" кои ги држеше актерката со закани за бесилки и куршуми, грдо се лаже. Секој свесен граѓанин не заборавил ништо, напиша на својот ФБ профил Фросима Ременски.
Ременски во објавата додава:
Не го заборавивме ниту "шишето полно со евра фатени во шверц" на Срѓан Керим и затварањето на неколку печатени медиуми за сметка на удбашко-пропагандни интернет сервиси!
Нека се осмели некој да каже за кои стратегиски интереси можат да помогнат овие ликови и каде беа кога многу попаметни граѓани маршираа низ улиците токму против вакви ликови и структури за европските вредности кои за нив и денес се недостижни, заради омразата кон напредокот на државата против кој се бореа од петни жили.
Две исти прашања за вчерашните вести:
Според кои критериуми, низ каква проверка и процедура, и според кои "олеснителни околности", ОЈО ценеше да даде согласност Сашо Мијалков да се брани од слобода што Судот не ги прифати ⁉️
Според кои критериуми, низ каква проверка на придонесот кон стратегиските интереси на државата министерот Бујар Османи одлучи да ја повика Валентина Божиновска да го советува ⁉️
Тоа што тој ја поканил, а она сега одбива нека не биде димна бомба за непримислениот потег на министерот за надворешни работи кој очигледно ги заборавил некролозите на амбасадорите и сите "стратегиски" достигнувања на актерката.
извор: ФБ Фросина Ременски