Статус на Фросина Ременски, професорка и експратеничка:
„Политичкиот концепт "правда, одговорност и едно општество за сите" го победи концептот на "етнонационализам" во 2016 година. Граѓаните кои до тогаш не излегувале на гласање, излегоа и го казнија концептот на владеење до 2016 година што го чувствуваа, слушаа, живееја. Денес кога концептот "правда и одговорност" каска и функционира по принципот "на дугме", повторно ја гледаме играта околу "етнонационалните теми" кои доминираат. Воопшто не ми пречи да ги реобјавам сите бомби, теми, проблеми и сериозни прашања за кои зборувавме како партија во опозиција и на кои ја темелевме целокупната предизборна реторика и промоција на изборна програма. Непријатна/грозна ми е само помислата за тоа каде се тие "луѓе" против кои се боревме? Но, се прашувам и дали останавме сите исти во тоа што го зборувавме тогаш и сега? Добивам впечаток дека тоа што го зборувавме тогаш, сега повеќе ни пречи нам (мене воопшто), отоколку на тие на кои се однесува. Сакам да грешам во оваа констатација. Ќе се потсетувам и себе си, ќе ве потсетувам и вас на дневна основа, за тоа што го зборувавме тогаш - "За да не се повтори и да не се заборави".
"Заборавот е извор на сите зла!" - така зборуваа антифашистите ..., така зборувам и јас“, вели професорката Фросина Ременски.