„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ременски до Николовски: Да промовираш закон за потекло на имот, а имаш 2 години нерешен чист случај на корупција е повеќе од иронија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Slika-Frosina-18-12

Поранешната пратеничка и висока функционерка на СДСМ, Фросина Ременски, одново со јавни критики до актуелната власт. Овој пат, таа се осврна на законот за потекло на имот, кој две недели го промовира вицепремиерот Љупчо Николовски. Потсетувајќи на случајот за кој пишува две години околу нејзините тврдења дека: „Горан Николовски - Џони (поранешен директор на УБК) не пријавил основ на живеалиште во куќа сопственост на адвокатот Антонио Апостолски (адвокат на Камчев тогаш во екот на Рекет, на Сашо Мијалков во екот на Таргет-Тврдина и сите други обвинети од УБК) и дали има скриено сопствеништво“, потенцираше дека очекувала вицепремиерот Николовски како прв во борбата против корупцијата, најмалку што може да се заинтересира и од збор, да помине на дело.

— реклама —

Нејзиниот статус во целост:

🚩Да се промовира закон за потекло на имот што ќе важи за сите (кога ќе се донесе и кога ќе профункциона !?), за сегашни и поранешни функционери, а да имаш 2 години нерешен ЧИСТ случај на корупција на тогаш актуелен, сега поранешен владин функционер, и згора на тоа да се правиш дека ниту читаш, ниту слушаш, ниту гледаш е повеќе од иронија❗

— реклама —

🚩Дали е потребен Закон за потекло на имот, да се констатира УТВРДЕНА ФАКТИЧКА СОСТОЈБА на основа на докумебтациба од релевантни органи дека, - Горан Николовски - Џони (поранешен директор на УБК) НЕ ПРИЈАВИЛ❗ основ на живеалиште во куќа сопственост на адвокатот Антонио Апостолски (адвокат на Камчев тогаш во екот на Рекет, на Сашо Мијалков во екот на Таргет-Тврдина и сите други обвинети од УБК) и дали има скриено сопствеништво❓

ℹ Вицепремиерот Љупчо Николовски ја има мојата пријава поднесена до ДКСК за овој случај што го зборувам 2️⃣ години со очигледни докази❗Очекував, ДКСК за овие 2️⃣ години 10 пати, досега да го реши овој случај на корупција и судир на интереси❗

🚩Решавањето на овој случај (можеби) ќе дадеше одговор тогаш, но и на денешните тврдења на Орце Камчев дека, "плацевите ... му биле одмазда затоа што го срушил СЈО", а Николовски - Џони, иако му било пријавено трипати од Камчеви во декември 2018 година не презел службени дејствија како овластено службено лице❗

👉Очекував вицепремиерот Николовски како прв во борбата против корупцијата, најмалку што може да се заинтересира и од збор, да помине на дело.

👉Очекував исто така директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска да им го испрати одговорот на ДКСК од УЈП за матичните броеви на Апостолски и "договорите за закуп на две коли" меѓу кои НЕМА никаков "договор за закуп на куќа" помеѓу адвокатот и Џони❗

👉Скриено сопствеништво❓

📢 Овој случај го следат повеќе страни. Гледаат двегодишен институционален молк и гола пропаганда. Ако во меѓувреме излезе некаков фиктивен или антидатиран "договор" што го нема до денес, одговорноста ќе биде на сите кои читаат и си ќутат.

📢 Утре кога ќе ги повикате граѓаните да пријавуваат корупција и да соработуваат со институциите, за да помогнат во 'јуришот против криминалот и корупцијата', кажете им дека, 🚩'Законот нема да важи подеднакво за сите'

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања