„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ременски го правда сопругот: Пропаганда е сленгот „Џандар збира“, гладна кокошка просо сонува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Frosina-18-12

По најавите на Јовче Ременски преку својот „Фејсбук“ профил дека од понеделник ќе има „џандар збира“, што порталите велат дека во полициски жаргон значело најава за апсења, неговата сопруга Фросина Ременски го правда началникот на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија

— реклама —

„Многу разбирачи имало за "полициски СЛЕНГ" (?!). Сленгот (без македонски превод) изворно е збор кој означува јазик со кој по правило се служат затворени групи (затвореници, криминалци, улични групи и сл.).

Во македонскиот литерстурен јазик сленгот е термин за жаргон во културна смисла.

— реклама —

Во полициските науки сеуште нема лингвист/професор јунак што покрај полицискиот терминолошки речник ќе напише речник на македонски полициски жаргони. Ова не е затоа што нема кој да напише и истражи, туку затоа што кај нас нема воспоставен полициски жаргон со кој се служи полицијата во своите полициски постапувања.  За среќа полицијата го препознава сленгот на криминалните групи и лесно идентификува индиции за криминални дејствија. Сленгот или жаргонот во полициите во САД и други земји е дозволен, но кај нас ниту го има, ниту може да биде јазик на комуникација интерно и екстерно во полициските кругови.  Вревата околу "Џандар збира" и преводот што си го направија со "полициски СЛЕНГ", како и филмовите околу тоа е безобразно ефтин продукт на сленг пропагандата во смисла на онаа народната "Гладна кокошка просо сонува". Соновник да напишевте попродуктивен ќе беше, вака и партија карти не знаете да изиграте“, пишува пратеничката Ременски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања