„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ременски им помогна на малолетни играорци да не останат цела вечер на пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
FB_IMG_1558294413111

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ташевска Ременски им помогна на малолетни играорци кои останаа на полноќ на патот Плетвар-Кавадарци, бидејќи им се расипалo комбето. Во целост ви го споделуваме Фејсбук статусот на Мартин Цветковски, кој ја раскажува целата ситуација.

— реклама —

„Би сакал да споделам една ситуација, што се случи синојќа, ситуација која што за негде е вообичаено и нормално нешто, но за негде е редок исклучок ,па чувствувам потреба вака да ја доловам…

По враќањето од концертот на играорците во Битола, негде после полноќ ( 00:15), комбето погоди огромна дупка ( би ја нарекол озонска ), при што настана дефект, на релацијата Плетвар-Кавадарци.

— реклама —

Црна темница, остри кривини, планински предел,шума, прст пред око не се гледа, инсект не се слуша…а како шлаг на сето тоа, помислата што се се случува во секојдневие… остануваме заглавени повеќето малолетни-играорци, неколку со штотуку наполнети 18 години, и јас и колегата како нивни одговорни…

Додека возачот ( кој беше доста присебен ), пробуваше да го поправи комбето( нешто со моторот ) , а колегата остана со децата… со блиц се обидував да сигнализирам на возилата кои поминуваа одвреме навреме, да застане некој и на некаков начин да ни помогне… но за возврат ( типично ) само блендираа,или пак не не регистрираа…

Откако се откажав од таа намера, и се вратив кај децата ако ништо друго барем да се подружиме и насмевнеме малку, самоволно застанува црно возило “Пасат”… Возачот – маж, а од страната на совозачот, гледам жена позната од јавноста… неможев да се сетам во моментот која беше…

Ми вика:

– Што е проблемот дечко?

– Удривме дупка, имаме проблем со моторот не работи комбето – велам.

– Кој има во комбето ? – ми вели…

– Деца, играорци, бевме на концерт во Битола, и се враќаме за Скопје… јас сум им наставник…

Му се обрати на возачот – Паркирај се тука…

Се јави негде на телефон …

„Ацко, на релација Плетвар – Кавадарци, има деца играорци, им се расипало комбето, по кратки ракави се, ладно е ќе измрзнат, жива темница е тука, прати одма автобус или комбе да ги земе да ги однесе до Скопје, јас ќе го регулирам тоа“.

Ми се обраќа – Дечко, имате автобус од Прилеп, ќе пристигне за 15-20 минути… ќе почекамe со вас малку да не бидете сами…

Излегоа и дел од дечињата, се израдуваа, не бевме сами повеќе, си помуабетивме, атмосферата се релаксираше па малку се присетив …

И велам на жената – Вие сте министер, ако не се лажам…

– Бев, повеќе не сум, сега сум Потпретседател на Собрание…

– Ааа да да, сега ми текна, Фросина се викате…

– Да не треба да однесам некого, побрзо до Скопје со мене?

– Ако не ви е проблем, да, имаме 3 деца мораат што побрзо да стигнат дома…

– Секако, нема проблем, ајде.

– Ви благодарам многу, незнам како да ви се оддолжиме…

– Еве ви мој број и чекам да ме поканите да присуствувам на ваш концерт.

Ги зема дечињата, ги однесе до Скопје, а за кратко се обезбедивме и ние останатите и пристигнавме во Скопје некаде околу 03:00 часот по полноќ…

Не ме интересира дали е функционер дома или на работа, таа синојќа беше човек кон нас… нè одминаа неколку луѓе со возила (можеби фукционери, можеби не), но ниту еден не беше човек да застане…

Ви благодарам од срце вака јавно, во лично и име на сите присутни играорци“, пишува Цветковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања