Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ременски: Избори со отисоци од прсти со републичкиот шеф на изборен штаб - Никола Тодоров?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
remenski-1

Поодамна „се канам“ да го напишам овој текст за да го доловам профилот на една „заштитена мачка во политиката“ која од скоро срамежливо ја промовираат како некаква „опозициска реформска алтернатива“, а всушност човекот е "унгарски лојалист“ на дугме, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.

— реклама —

Во продолжение објавата на ременски во целост:

По онаа позната криминалистичка изрека „Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството“, забележав дека денес објавил политичка колумна со еден футуристички поглед (?!) за „избори со отисок на прсти“ во која законскиот предлог и технологијата за гласање со отисок од прсти ја претставува како НЕГОВА идеја.

— реклама —

Не би била криминалистичка анализата ако кон профилот на личноста не бидат обединети „тематските проблеми“ околу „предметот“ што е тема, а тоа би звучело вака:

„Каква е поврзаноста и улогата на Никола Тодоров со „идејата за гласање со отисок од прсти“ што ја промовира во еток на скандалот со крадење на идентитети за биометриски документи; и, дали отворено промовирање на оваа „негова идеја“ го враќа на неговиот милионски фалсификат на тендерски документации за опремување на МВР (и МТРВ) со „Автоматизиран систем за регистрација на траги од папиларни линии“ (АФИС) кој треба да биде основата на „неговата технологија за гласање со отисок од прсти“⁉️

Никола Тодоров – Нино во оваа криминалистичка анализа е „ПРОФИЛОТ“, „ТЕМАТСКИТЕ ПРОБЛЕМИ“ се однесуваат на се што е поврзано со „ПРЕДМЕТОТ“ – гласање со отисок од прсти со набавка на АФИС систем во ДИК, и АМНЕСТИРАНИОТ криминал за веќе крииминално набавениот АФИС систем за МВР, со злоупотреба на Факултетот во кој работам од 2004 година до денес. Оваа последна реченица ја нагласува заради ЈАВНАТА димензија на ИНТЕРЕСОТ за кој зборувам во континуитет од 2012 година до денес.

Кој е Никола Тодоров - Нино ?

Профилирање на Нино нема да го правам по сите нишани за една криминалистичка анализа, за да не навлезам во приватноста која нема врска со неговите јавни функции и дејстија што ги извршувал доброволно или по наредба. Нема исто така, да навлегувам во неговата приватност во релациите со Никола Груевски чиишто лојалист е до денес, што не значи дека таа приватност не е важна во неговото минато, сегашно и идно делување.

„Бомби за Нино“ не сум слушала или преслушувала, но како што кажува еден професор – „не е важно тоа што е објавено, туку тоа што не е објавено“.

Ако се согласам со оваа констатација тогаш, голем проблем на нашето општеството во целина не е во тоа што се знае, туку во тоа што не се знае, а не знаеме како сето тоа се користи за моделирања кои изгледаат чудни ...

Но, да не се одалечувам од темата ...

Тодоров во „поново“ или поточно кажано „сдсмовско време“ на владеење ретко кој го памети или сака да го памети по многубројните работи за кои го критикувавме додека бевме во опозиција. Како да избледе сликата на паролите дека беше „министер за смрт“, дека го погреба образованието со „проекти за се', а за ништо“, за „тендерите“ ..., како човек за операционализација на вољата на Никола Груевски итн.

Сопартијци во изминатите месеци ги спорелуваа неговите „визии за политиките“, медиумите го промовираа „како нов ум во политиката“, додека останував да се чудам колку брзо забораваме.

Не верував дека е случајно, што се потврди.

„НЕКОЈ“ уште во фазата на Пржино преговорите чиишто предводник од страната на ВМРО-ДПМНЕ беше Никола Тодоров подготвил терен („операција за извлекување“) во даден момент тој да биде употребен како предводник на некаква „реформаторска опозициска алтернатива“ на база на ПРОСТУВАЊЕ на „заборавените пароли и гревови“!

За да се издигне како морална големина, а воедно да се прикаже како потенцијална „жртва од опозициски мотивираниот“ дедото на покојната Тамара на 02.06.2017 година од импровизирано оружје пукаше во Никола Тодоров откако тој претходно на 29.05.2017 година поднесе оставка. Откако виде дека, политичката „судбина“ на неговиот Никола Груевски по настаните од 27.04.2017 година е неславна, „одлучи“ времено ДА ГО СНЕМА од политичко-општествениот видик. По бегството на Никола Груевски активно почна да промовира про-западни ставови од позиција на припадник на партија која во клучните периоди за евроатлантската перспектива на државата немала јасени ставови за неа. Да не се лажеме, дури и денес про-реформскиот Никола Тодоров не го кажува јасниот својот став за евроатлантската иднина на РСМ која подразбира прифаќање на општествено-политичката реалност за државата во меѓународни рамки, туку срамежливо ги турка идеите за внатрепартиска диференцијација.

Да не се разбереме погрешно.

Немам никаков проблем со партиската кариера на Никола Тодоров – може да сака и да се бори да биде што сака. Но, имам проблем со обидот таков политичк кам-бек да се гради врз основа на амнестиран криминал кој во овој политичко-општествен контекст станува актуелен и заборавен истовремено. Не верувам исто така дека некому му е драго што многу ликови од режимот, наеднаш станаа „самопрогласени жртви и прогонувани“ во една инверзија како резултат на политичка нерешителност до крај да се справиме со „режимските остатоци“ како што милуваат многумина да кажат денес.

МВР?

МВР беше клучниот фокус на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ во Пржино 1 и 2 преговорите, предводен од Никола Тодоров. Откако за почеток (со наша помош) ја протуркаа во јавност балон-идејата - „експерт наместо политичко лице за министер“ и преминаа во фазата на договарање кој, зошто, каде и како по ресорите, заклучија дека, актуелната „Афера АФИС-и и незаконското опремување на МВР“ беше ЗРЕЛО за обвинени од ОЈО за ГОКК!

Како течеа преговорите, така добивав впечаток дека, наместо за партијата, Никола Тодоров почна да преговара за себе, односно да преговара за прикривање на неговиот криминал поврзан со МВРО кој сигурно ќе беше расчистен, доколку не беше така. Бидна - Никола Груевски, Сашо Мијалков и Никола Тодоров го осигураа „транзитот“ на ова печено обвинение за нивниот фалсификаторски и милионски криминал до одлуката на ЈО Гордана Смаќовска за ПРИКРИВАЊЕ на криминалот со АФИС-ите во стилот „Тази дупка, не е дупка“ во времето на „нинојавление“!

„Тематскиот проблем“ денес ...

Тодоров во денешната негова колумна насловена како „Која краде на избори?“ во една крајна контрадикторност од една страна тврди:

„Прилично е невозможно ВМРО и СДСМ да крадат на избори“, а од друга страна бил „среќен што конечно по 8 години откако прв пат тоа го предвидовме во Изборниот законик, ќе профункционира утврдувањето на идентитетот на гласачите со проверка на отпечаток од прст“, среќен е „ што сите ќе се уверите дека ВМРО или СДСМ организирале мртви да гласаат, или дека некоја од овие две партии полнела кутии или дека воопшто ВМРО или СДСМ ги украле изборите. Сега ќе се докаже дека ниту СДСМ ниту ВМРО не краделе на избори, но за другите не можам да гарантирам.“

Да не беше НИНО во прашање и неговата теза од Пржино преговорите дека „е задоволен што, како што потенцира, на виделина ќе излезе лагата и манипулацијата што за цело време ја пласирала СДСМ за Избирачкиот список“ и дека „ Ќе се види дека Избирачкиот список за цело време бил прочистен, дека немало никаков проблем со него ...“.

Ако според Никола Тодоров во 2016 година „Избирачкиот список бил прочистен и не бил никаков проблем“, тогаш од кои причини Никола Тодоров во 2021 година да заговара „преполовување на гласачите за избори доколку тие се спроведат со отисок од прсти“ ?

Дали оваа „месијанска надпартиска клика“ која минатата година заговараше „Влада за државен спас“, доби на сила откако и „де факто и де јуре се осугура“ дека, аферата со системот и апаратчињата за отисоци од прсти во 7-годишна процедура нема да го зафати него, Панче Кралев и останатите кои „одработија за уставните измени“ како што знаат да кажат во партиските кругови?

Како ќе се гласа со „отисок од прсти“?

Никола Тодоров во денешната колумна „Кој крада на избори“ вели дека, идејата за „гласање со отисок од прсти била негова уште во 2013 година“ и објаснува како тогаш (а јас читам денес) предложил да тече гласањето со отисок од прсти. Па вика вака: „Сметав и сметам дека ќе биде голема грешка доколку се пристапува до базата на податоци преку интернет. Има места каде интернетот е слаб или каде „намерно ќе ослабе“ или ќе се исклучи со цел да не може да се спроведе проверката на отпечатокот од прстот. Предлагам, за секое избирачко место да се набават по два лаптоп компјутери со соодветна конфигурација, без цд-читач или усб-порта и на кои ќе бидат снимени, без можност за преземање, снимање или бришење, податоците за отпечаток од прст, само на оние гласачи кои се на избирачкиот список во тоа избирачко место. Значи на секој лап топ компјутер да нема повеќе од илјада записи со име презиме, слика, матичен број и базата на податоци за отпечаток од прст на граѓаните кои живеат во тоа избирачко место. Да се набават најмалку по три читачи за отпечаток од прст за секој компјутер, со цел доколку не може да го прочита отпечатокот на првиот читач процедурата да се повтори на вториот, па на третиот. Така шансите за грешка, а со тоа и оневозможување некому да гласа ќе бидат минорни, односно речиси невозможни. За време на целото гласање да биде вклучена опцијата за снимање на екранот на компјутерот каде се складирани податоците, со цел доколку има каков било обид за малверзација или кражба на податоците, односно идентитет, истото да биде документирано. Секој компјутер да биде задолжен лично од еден член на избирачкиот одбор и тој да одговара за неговото користење или евентуална злоупотреба. Компјутерот со овие податоци да се смета за изборен материјал и така да се третира. Вака можноста за мамење или малверзација е сведен на нула. Како што ви реков, едвај чекам да ги видам резултатите од вака организираните избори. Особено во некои општини и избирачки места“.

Ако тогаш и денес го прашате Никола Тодоров дали знае како воопшто функционира „базата на биометриски податоци“ за кои пишува, како се пристапува кон неа и што треба да се прави, ве уверувам дека ниту тогаш, ниту сега знае. Но, сигурна сум дека му кажале дека, системите за проверка на идентитети (АФИС-ите) кои како министер за образование тројно, милионски ги преплати и ги ОВОЗМОЖИ со ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА во корист на МВР (за кое жестоко преговараше во пржинските преговори) се технологијата што сега ја заговара како „идеално“ решение да не се крадело на избори!

Во екот на системски скандал со крадење на идентитети и биометрија - Тодоров застапува гласање со „отисок од прсти“ ...

Јавно излегов со тезата дека, предуслов или основа за крадењето на идентитетите и биометриските податоци кои се злоупотребени за издавање на биометриски пасоши на белосветски криминалци (знајни и незнајни) се ЛИЧНИТЕ КАРТИ, кои масовно се издаваа на државјани на Албанија со македоско етничко потекло за време на локалните избори во 2013 година!

Она што е „тематски проблем“ врзан за „профилот на Никола Тодоров“ во врска со биометријата (избори и кражба на идентитети) е ФАКТОТ што тој (како министер за здравство) во 2013 година беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори.

Не може никој да ме убеди дека, шефот на изборниот штаб не знаел „за човечињата што си гласаат“, за начинот како им беа издадени лични карти или за шефицата за лични кари Надица, но и за подготвениот терен со АФИС системот во МВР, додека беше министер за образовани и наука. Шеф на републички изборен штаб на партијата беше и во 2016 година!

Овој податок е многу важен за изборното морализирање и избегнување на дебатата за кражбата на идентитети за биометриски пасоши од една страна, и заговарање на избори со отисок од прсти од друга страна, во стилот на онаа народната „село гори баба се чешла“!

Да ја резимирам оваа долга профилација која има повеќе епизоди ...

Институционализираното прикривање на организираниот криминал во МВР кој со години го спроведува ЈО Гордана Смаќовска во ЈО на Вилма Русковска, се обиде СО ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИ ОВЛАСТУВАЊА да го прикрие криминалот што е МАЈКА на изборните фалсификати и биометриските кражби денес – „Аферата АФИС-и и друга опрема набавена со тендерски фалсификати во МВР“!

Ако овој криминал е МАЈКА на криминалот со пасошите што го гледаме денес, тогаш ТАТКОТО на овој изум (фалсификат) е Никола Тодоров со која започна најголемиот, милионски и неистражен до крај кримина тежок 60 милиони евра – Проектот „Опремување на лабаратории за високообразовни и научни установи“!

Никола Тодоров не само што е времено „амнестиран“ од ОЈО за ГОКК од овој фалсификат и злоупотребите во 8-годишната „истрага“ на Гордана Смаќовска, туку заедно со Панче Кралев е „амнестиран“ и од криминал пријавен од Управата за финснсиска полиција со поднесени кривична пријава во 2018 година!

Ако рецептот за оваа „реформаторска умешност“, односно „транзиционен коридор“ до следна власт е дружбата со оние кои ветуваат „операции за извлекување“, т.е., повлекување до наредно појавување, тогаш дефинитивно Никола Тодоров треба да го ставите на чело на „оперативната група за спроведување на избори со отисочи од прсти“. Сите ќе победат со неговата „идеја“ и подрумските АФИС-и. Или пак, нека почекаат да видат дали ќе напише некоја колумна за кражбата на идентитети за биометриските пасоши кои се топ-тема од негово време, а тој се прави „на Тошо“, додека чека да му свирнат „ајде трчај за ново дете“ – згазнато на опаш.

Не смее да има избори со отисоци од прсти додека не се расчисти криминалот со опремата, идентитетите и прочистување на биометриската база на податоци!

извор: ФБ Фросина Ременски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања