„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ременски: Ова што го слушнав денес за ЈО Русковска е на линија на иста кривична одговорност за која се судеше Јанева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
remenski

Пред почетокот на овој судски случај прва побарав да биде изземена ЈО Русковска од предметот, заради дотогаш очигледни пречекорувања на своите овластувања, напиша на својот Фб профил Фросина Ременски.

— реклама —

Во продолжение на објавата Ременски додава:

Во јануари поднесов кривична пријава за незаконскиот претрес во домот под директна команда на ЈО Русковска по која се води предмет во ЈО Скопје, а на 17 Јуни претставка до Советот на ЈО и до државниот обвинител Јовевски.

— реклама —

Ова што го слушнав денес во Суд е дополнителен аргумент - нова околност која зборува не само за непрофесионалниот однос на ЈО Русковска, туку тоа е на линија на иста кривична одговорност за која се судеше Јанева за која денес слушнавме дека обвинителката Русковска давала непримерни изрази, вели Ременски.

Таа додава дека Русковска требало да се изземе уште на почетокот.

-Обвинителката Русковска знаејќи ја природата на нејзината комуникација со Бојан и имајќи ги на увид сите материјали кои сега се во рацете на Бојан, не само што требала самата да се изземе од јавнообвинителското постапување, туку требаше да дозволи многу други лица да бидат сослушани во нејзиното обвинителство кои тврдеа дека немале блиски релавии и комуникации со Бојан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања