Експратеничката Фросина Ременски која е обвинета и во случајот „Меѓународен сојуз“, посочува дека ја разобличува Вилма Русковска, но и вештаците кои според Ременски не се вештаци, а изготвуваат извештаи поврзани со одземени персонални уреди преку чии податоци се докажува вина во судски предмети.
Ременски, ви ја пренесуваме во целост:
ТАЗИ ДУПКА, НЕ Е ДУПКА❗
Таман кога ќе помислиш дека си ги напишал последните епизоди од крими-серијата за "најорганизираното прикривање на организиран криминал" и можеш да ги емитуваш, ОП еве ти уште 4-5 епизоди плус.
Вчерашниот (26.01.2021) испит по информатика и форензика што се одржа мојот технички советник (професор по компјутерски науки) на рочиштето за случајот Меѓународен сојуз и декемвриското рочиште (2020) на кое Катерина Јовановска се бранеше себе си и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, БЕА КРАЈ НА ПРОГРАМАТА или во превод голем срам за нив, за МВР и за ОЈО ГОКК
Мојот технички советник вчера директно го испрашуваше помладиот инспектор Ивица Мицковски за неговата стручност срочена во четири извештаи за "вештачење" (!?) на предмети одземени од мојот дом во НЕЗАКОНСКИ ПРЕТРЕС
За да ја сфатите целта, упорност и моето инсистирањето овие лица да се појават во Суд, го пренесувам последното изјавено вчера од ЈО Ивана Трајчева пред Суд и мојата неколку пати кажана изјава
ЈО Ивана Трајчева која едвај дочека да заврши продолжението на "испитот" од декември до вчера, пред Судот изјави:
"ОЈО за ГОКК од бр. 60 од листата на докази - извештаи од "вештачење" на 4 одземени предмети од Фросина Ременски, НА СУДОТ НЕ МУ ПРЕДЛАГА ДА СЕ ИЗВЕДАТ ДОКАЗИ, туку да се изведат само "извештаите"
Во неколку мои јавни изјави, а во контекст на ПОТВРДАТА што вчера ја даде ЈО кажав дека:
"Јас - Фросина Ременски, со мојата упорност околу докажувањето на НЕЗАКОНИТОСТИТЕ во т.н, "вештачење" на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и докажувањето на 👉НЕЗАКОНСКИОТ ПРЕТРЕС, немам цел ДА РУШАМ НИКАКВИ ДОКАЗИ, ЗОШТО ДОКАЗИ НЕМА И НЕ СЕ ПРЕДЛАГААТ
Целта ми е да докажам и да покажам на пошироката јавност, на Судот, на ОЈО, на сите одговорни во МВР, дека, потполно неисплатливо е во изрекетиран случај, преку ПР да ме обвинат тие што 100:0 ги фатив во криминал и сеуште го документирам прикривањето на тој криминал со опремата која сакаат да ја "легализираат", преку вакви т.н., постапки и наредби, небулизни и незаконски извештаи кои ОЈО си ги користи да го лаже Судот не само во овој, туку и во многу други случаи.
📢 Логиката "Да го убиеме кучето што ги чува овците, наместо да го ловиме волкот што ги јаде овците" Ви е потполно погрешна и САМОУБИСТВЕНА❗
Но, за испитот ...
Покрај стручната терминологија и знаење со кој професорот го одржа испитот вчера, на кој "вештакот" Ивица Мицковски падна, тој меѓу другото си кажа:
👉"Не сум вешто лице",
👉"Немам лиценца од Министерство за правда",
👉"Не сум запишан во Регистер на вештаци",
👉"Лабараторијата на дигитална форензика не е акредитирана и лиценцирана" (предмет од пријавено кривично дело 2013) 👉"Постапувам по наредби на ЈО за вештачење, ама не сум вештак и не изготвувам вешти наод и мислењае",
👉"Не знае дали работи на стандардизирани форензички хардвери". 👉"Си гледал материјал без лозинка, ама напишал дека за да се гледа материјал потребна била лозинка" итн.
‼ Останува нејсно за овој правен систем, како тогаш ЈО Вилма Русковска издава наредба за вештачење, иако знае (а, знае и Судот) дека, таму кај што ја дава (Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика) НЕМА НИТУ ЕДЕН ВЕШТАК, дека, ТАМУ НЕ СЕ ВРШИ ВЕШТАЧЕЊЕ, дека таму се работи на дива опрема која НЕ Е АКРЕДИТИРАНА, СТАНДАРДИЗИРАНА И ЛИЦЕНЦИРАНА, затоа што е таа дива опрема е предмет на кривична пријава поднесена во НЕЈЗИНОТО ОЈО уште во 2013 година, што прават обиди да го ПРИКРИЈАТ‼
За време на неговото испитување неговата шефица Катерина Јовановска го слушаше, а немаше право да присуствува на рочиштето, зошто беше испитана во декември 2020. Се си мислам дека, Ивица и покрај ова што го кажа, ќе кажеше повеќе, ако не беше присутна таа.
👉Заклучокот од сето ова е следен:
‼Во нормална земја и нормален некорумпиран правосуден систем, по вакви сведочења кои се потврда на кривичната пријава за оваа опрема/лабараторија од 2013 година, веднаш, под итно ЌЕ СЕ ПОСТАПЕШЕ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ, ќе се превенираа хаварии во судски постапки и ќе се земеа на одговорност СИТЕ што учествувале во овој криминал и во неговото прикривање од 2012 до денес❗
✅ Судот мора да го почитува законот и да не прифаќа вакви "вештачења" и "вештаци" од ОЈО и МВР кои немаат врска со тоа.
‼Во нашиот fucking систем, пријавителот на докажан и очигледен криминал станува подвижна мета за бандитите кои креираат и рекетираат ПР-обвинение од тие што треба да ги гонат токму нив.
Тој што го открил и пријавил криминалот станува повиновен што го открил, отколку тие што го сториле.
Случајот со Катерина Јовановска во овој циркуз од систем е доказ за тоа - таа што сторила и го прикрива својот криминал се јавуваа како "вештак" во измислен случај за таа што токму неа и другите ги открила и пријавила‼
📢 Штета што на овие рочишта немаше заинтересирани новинари ДА ГО ПРЕНЕСАТ СРАМОТ И АПСУРДОТ❗
За тој срам организирано се молчи.
✅🚩Во епизодата "Тражили сте - гледајте" оваа втората логика на fucking системот за борба против организиран криминал и корупција, ќе се потрудам да им се удри од глава НА СИТЕ "ГЛУМЦИ" кои влегоа во оваа режија против оние кои никогаш не глумеле борба, туку се бореле и ќе се борат за ОДГОВОРНОСТ и НОРМАЛНОСТ, а не за ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КРИМИНАЛОТ❗
Доволно тешко оди легализацијата на криминалот до сега ..., и тоа е криминал - со прикривање што значи ПОМАГАЊЕ со непостапување