Промени тема
Контакт

Реновирани 69 објекти на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
spasovski-2

Во рамки на стратешките активности за континуирано материјално-техничко подобрување и инвестиции во инфраструктурните капацитети на македонската полиција, кои ги зацрта актуелното раководство на МВР на чело со министерот Оливер Спасовски, во моментот забрзано се работи на осум полициски објекти, 69 се досега целосно реконструирани, а планот е овој тренд забрзано да продолжи и во следната година.

Во моментот се работи на осум објекти на полицијата кои треба наскоро да бидат готови, и тоа: ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе.

— реклама —

Во сите реконструирани објекти од 2017 до денес имплементирани се и мерки за енергетска ефикасност, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови фасади, со што се создадоа не само квалитетни услови за работа на полициските службеници, туку и трансформација на објектите на енергетски план, која опфаќа зголемено учество на обновливите извори на енергија, поголеми заштеди, намалени емисии на штетни гасови и заштита на животната средина.

— реклама —

Подобрувањето на условите за работа на полициските службеници ќе остане да биде приоритет на ова раководство на МВР и во следниот период, бидејќи инвестирање во подобри услови за работа значи задоволна полиција што на крај резултира со подобрување на квалитетот на нејзината работа и унапредување на севкупната безбедност на сите граѓани, што претставува примарна задача на полицијата. Мотото „Задоволна и опремена полиција – задоволни граѓани“ е реалниот повик за унапредување на условите за работа на полицијата.

— реклама —

Освен интензивното реконструирање на полициските објекти во изминатите години, раководството на МВР беше посветено и на целосно обновување на униформите и материјално-техничките средства, па така сите оддели на полицијата веќе добија нови униформи, некои и повеќе пати, се модернизира возниот парк, исплатени беа три бонус плати за прекувремени работни часови, а планирано е зголемувања на платата за 5% на сите вработени во МВР во 2022 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања