Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Ресенчанецот Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
tricikl-1

Васил Јанкула , 26 годишен ресенчанец, лице со церебрална парализа денеска започна голем подвиг. Имено тој со трицикл реши да ја обиколи државата.

Според Јанкула се одлучил на овој подвиг со цел да помогне во подигнување на свеста кај лицата со посебни потреби. Тој е категоричен дека тие не треба да седат дома, туку да бидат упорни и да си ги остваруваат своите желби и цели.

— реклама —

„Сакам да упатам апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат. Она што ќе замислат и да го направат“, вели Јанкула.

— реклама —

— реклама —

Јанкула тргна, но упати апел до учесниците во сообраќајот да внимаваат додека возат и да не му го попречуваат патот  него и на неговата експедиција.

Експедицијата на Јанкула тргна од центарот на Ресен, предвидено е да помине околу 900 километри со трицикл,  по што ќе продолжи преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица ќе се врати во Ресен.

Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, вози автомобил, но се пожали дека неможе да добие лекарско уверение за да полага возачки испит.

Желба на Јанкула е кога  ќе стигне во Скопје, да се сретне со премиерот и останати владини претставници, каде ќе може да ги изнесе проблемите со кои се соочува тој, но и останатиоте лица со попреченост.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања