Промени тема
Контакт

Рехабилитацијата на фашизмот започна уште со споменикот на балистот Џемаил Хаса во 2006 година, реагира Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Рехабилитацијата на фашизмот започна уште со споменикот на балистот Џемаил Хаса во 2006 година

Во 2006 година, во село Симница, Општина Гостивар, подигнат е споменик на Џемаил Хасани, водач на балистите за Западна Македонија и соработник на италијанските фашисти. Епидемијата на рехабилитација на фашистичките соработници од Втората светска војна, чие политичко дејствие со Нирнбершкиот процес е криминализирано, ја следи сеопштата тенденција за глорификација на овие лица и организации“, велат од Левица.

Тие додаваат:

„Историското место на Џемаил Хасани е соодветно на тоа на Ванчо Михајлов, и сите останати историски фигури кои за време на Втората светска војна ѕверски дејствувале против партизаните, населението и Народно-ослободителната борба. Сепак, сега двете фигури повторно се обединети во современ контекст, преку воскреснувањето на идеолошки сродни општествени групи, кои денеска на територијата на Република Македонија влијаат политички, со истите мотиви како од пред 70 години, за разнебитување на македонската државност и антифашистичките темели на кои е поставена.

— реклама —

Ако именувањето на „културен центар“ по Ванчо Михајлов неодамна ја распламна македонската јавност, треба да се знае дека почвата за конечна рехабилитација на најголемиот крвник на македонската кауза, е одамна подготвувана. Двете најголеми партии од македонскиот блок СДСМ и ДПМНЕ, како и нивниот обединител ДУИ, одамна обединето работат на ревизија на македонската државотворна историја.

За авантурата на претходниот режим на ДПМНЕ и ДУИ со поставување на овој споменик на егзекуторот на партизаните, Владата на СДСМ е запознаена уште од 2018 година. Но, до сега, сè што СДСМ има направено во насока на рехабилитацијата на овие фашистички борци и дејци, е дополнително јакнеење и забрзување на возобновувањето на нео-врховистичкото присуство во Македонија.

Левица, за 9-ти мај ја поднесе Резолуцијата против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, поради алармантните инциденти кои укажуваат на присуство на фашизмот и сите негови деривати во нашето општество.

— реклама —

Џемаил Хасани и Ванчо Михајлов, не само што се соработници на оската Берлин-Рим, туку се и крволочни убијци и мачители, угнетувачи на слoбодата на балканските земји, слуги на туѓи интереси и реликвии од минатото. Но, наместо да останат во минатото, тие нè прогонуваат во сегашноста.

Во годините по војната, овие идеи продолжиле да постојат засолнети од последиците, во капиталистичките земји. Затоа, откако народот повторно падна во окови од капитализмот, тие идеи се вратија на голема врата преку капиталистичките партии кои владеат со државата, веќе триесет години.

— реклама —

Сите овие ретроградни елементи на македонската политичка сцена како СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и сите останати капиталистички партии, се обременети со идеи кои се спротивни на единството на овие простори. Такви се сега, такви биле отсекогаш. Нивната политичка моќ е обратно пропорционална со слободата на народот.

За овој, како и за сите останати, правни деликти и напади на антифашистичката историја на Македонија, Левица ќе реагира до надлежните институции за ревизија на нивното настанување, се до конечно отстранување“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

Левица прифати учество на трибината на „Платформата 12:05“, Мециновиќ објасни зошто

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryrqn72k27hqpv5A4I6qH

Остварена средба на Крмов со претставници од Европскиот парламент - дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи

Македонија | пред 1 ден

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд без постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

Македонија | пред 3 дена

apasiev

„Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел - Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините“, вели Левица

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања