Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Резолуцијата во германскиот Бундестаг сметам дека треба да се поздрави, тоа е добра работа, вели Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
milososki

Пратеникот Антонијо Милошоски за радио Лидер го поздрави изгласувањето на резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се признава македонската посебност, јазик и идентитет и се дава поддршка Македонија да ги направи уставните измени и да ги продолжи евроинтеграциите.

- По однос на резолуцијата во германскиот Бундестаг прво јас сметам дека треба да се поздрави, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност, заради две причини. Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век, рече тој.

— реклама —

Според Милошоски, за оваа резолуција придонес дала и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со укажување на слабостите од Договорот на добрососедство со Бугарија. Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања