Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Рибата зајак“ станува сериозна закана за Грција: Се организира прв голем натпревар во лов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
290072771_397345955753902_2294821987251843471_n

Грција официјално ја започна првата голема акција за намалување на бројот на лагокефалосот, познат и како „риба зајак“, инвазивен и исклучително отровен вид кој претставува сериозна закана за морскиот екосистем, рибарството и туризмот.

— реклама —

Станува збор за прв голем натпревар во лов на оваа риба, во кој властите и рибарските здруженија ги повикаа да се вклучат и професионалните и рекреативните рибари. За најуспешните учесници се обезбедени парични и материјални награди.

Лагокефалосот, кој преку Суецкиот Канал пристигнал од Црвеното Море, во последните години стана сериозен проблем во Егејското и Јонското Море.

— реклама —

Рибарите предупредуваат дека оваа риба предизвикува големи штети бидејќи со своите исклучително силни заби лесно ги оштетува рибарските мрежи и опрема за да дојде до плен.

— реклама —

Дополнително, таа агресивно се храни со други морски организми, што доведува до значително намалување на популацијата на автохтоните видови риби и ракови и сериозно ја нарушува биолошката рамнотежа во морето.

Особено загрижува фактот што лагокефалосот содржи тетродотоксин – исклучително опасен отров кој може да биде смртоносен за луѓето доколку рибата се консумира. Експертите предупредуваат дека токсинот не се уништува ниту со термичка обработка.

— реклама —

„Оваа риба буквално го уништува нашиот екосистем и ја менува биолошката рамнотежа во морето. Доколку не се преземат мерки, последиците за грчкиот туризам и рибарството би можеле да бидат катастрофални“, предупредуваат морските биолози.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 8 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања