Ристовска и Гајдова овојпат ги нема: Познати правници и судии во трката за македонски судија во Стразбур

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarylo0u20raemg6fHak8IO

Дваесетина професори, судии, адвокати и правни експерти се најдоа на новата листа кандидати за судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, дознава „Скопје1“.

— реклама —

Меѓу нив, сепак, не се обвинителката Ленче Ристовска и судијката Габриела Гајдова, кои на претходниот конкурс го поминаа првиот филтер, но не добија поддршка од Владата. Третото име од тој круг, адвокатот Јордан Апостолски, кој тогаш стигна до финалната фаза и овојпат повторно аплицирал со истата амбиција — да суди во име на Македонија во судот во Стразбур. Причината за поништувањето на конкурсот, според Владата, беше неисполнување на предвидените услови од страна на кандидатите.

На повторениот конкурс се појавија и нови имиња. Меѓу нив е професорот Сашо Георгиевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој претходно немаше аплицирано, како и адвокатот Александар Гоџо, правен експерт за ЕУ и меѓународно право, со долгогодишно искуство во областа на криминалистичките истраги.

— реклама —

Од поискусните и познати кандидати се издвојува судијата Андреј Димовски од скопскиот Граѓански суд, кој веќе има работно искуство во Европскиот суд за човекови права, како и правникот Велимир Деловски, поранешен асистент во Регистарот на Судот во Стразбур. Своја апликација поднесе и адвокатот Тони Менкиновски, кој беше кандидат и на минатиот конкурс, како и поранешната претседателка на Академијата за судии и јавни обвинители, институција која често е предмет на јавни критики.

На листата се најдоа и судијата Али Алиу, заменик-директорот на Академијата Илир Исени, адвокатките Наташа Бошкова и Соња Петрушева, како и Јелена Ристиќ, извршна директорка на Адвокатската комора на Македонија. За истата позиција конкурира и адвокатот Валентин Пепељуговски.

Според процедурите, конечната одлука за тројцата кандидати кои ќе ѝ бидат предложени на Владата ја носи Комисијата за селекција, составена од претседателите на Уставниот, Врховниот, Апелациониот и Кривичниот суд, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен од Стразбур: Европа не смее да дозволи другите да ѝ ја кројат иднината

Свет | пред 1 месец

media-librarybahuhkisaegj2Kucp0I

Стразбур под засилени мерки: оружје откриено во близина на Божиќниот базар

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf9pjo66tau5leh8Z80A

Македонија го утврди списокот за Стразбур: Професор и двајца адвокати во финална трка

Македонија | пред 2 месеци

akademik-10

Адвокатот Јанаки Митревски: „Не е победа на Јанкулоска, туку вообичаена процедура во Стразбур“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања