Ристовска се повлече од Антикорупциска: Никогаш немав намера да прикријам информација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Македонија
media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од функцијата.

— реклама —

„Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата“, вели Ристовска во оставката.

— реклама —

Во текот на целата моја професионална кариера, додава таа, вклучително и работењето во Комисијата, својата работа ја извршував законито, совесно и со најдобра намера.

— реклама —

„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет. На Државната комисија за спречување на корупцијата ѝ посакувам успешен и професионален придонес во служба на јавниот интерес“, пишува Ристовска во оставката до Гаши.

Антикорупциската комисија деновиве отвори два предмети за Ристовска – за проверка на судир на интереси и за непријавување имот. Во првиот случај се работи за тоа дека фирма на еден од синовите на Ристовска добивала пари во кампања за претседателските избори во 2024 година. Вториот предмет е поради тоа што во нејзиниот анкетен лист таа не пријавила дека двајцата синови имаат маркетинг фирми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryftviocon6b578yrJMaz

Левица: Да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со директорот на АНБ, Бојан Христовски

Македонија | пред 16 часа

Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Антикорупционерка под лупа: Два предмети за Цвета Ристовска

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања