Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Македонија
media-library6viqn16kv3s18uVhTwt

Советникот во Советот на Општина Крива Паланка, Влатко Ристовски, обвини дека градоначалникот Сашко Митовски и советничкото мнозинство го одбиле предложениот Акциски план за решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот.

По денешната седница на Советот, Ристовски соопшти дека предложиле сеопфатно решение со четири оперативни мерки, утврдени рокови, финансиска конструкција, институционална координација и механизам за надзор на спроведувањето.

— реклама —

Планот, како што наведува, предвидувал поставување прифатен пункт, организирање теренски екипи и вклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот и Министерството за внатрешни работи. Биле предвидени и хуман третман на животните, дезинфекција на јавните површини и помош за земјоделците кои претрпеле штети.

— реклама —
— реклама —

Ристовски посочува дека биле предложени и финансиска конструкција, како и формирање петчлена комисија за надзор и редовно известување на Советот.

— реклама —

„Ако не го прифатија овој план, кој е нивниот план? Кои се конкретните мерки, роковите и средствата што се подготвени да ги издвојат? Кој ќе ја преземе одговорноста за реализацијата?“, прашува Ристовски.

Тој додава дека советниците ќе продолжат да бараат решение за проблемот и порача дека, откако нивниот предлог бил одбиен, градоначалникот и мнозинството треба да одговорат што конкретно нудат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library9phfssvrqs862pkSKj0

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Филипче го следи Мицкоски, така ќе научи како се води држава и се работи во интерес на граѓаните

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
market-pari

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Македонија | пред 7 часа

media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Македонија | пред 2 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?“

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања