Промени тема
Контакт

РКЕ воведува строги сајбер-правила за енергетиката: задолжителни стандарди и паметни броила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryhggk8dj0edps9qUdHyE

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност - се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски компании со цел зголемување на отпорноста од сајбер напади.

Целта на овие мерки е зголемување на отпорноста на енергетскиот систем на сајбер напади, заштита на критичната инфраструктура и обезбедување континуирано и сигурно снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството.

— реклама —

„Анализите покажаа дека до 2024 години ниту една компанија немаше имплементирано ниту еден стандард за сајбербезбедност. Некои имаа воспоставено локални политики во оваа сфера, процедури, но тоа не беше доволно за да се следи и паралелно да се надоградува безбедносниот сајбер обрач. Во овој момент две енергетски компании го имплементираа меѓународниот ИСО стандард (систем за управување со безбедноста на информациите), додека три компании се во финална фаза на имплементација. Факт е дека кај приватните компании имплементацијата е полесна, затоа што не се обврзани да распишуваат тендери како јавните претпријатија.“ посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ кој беше учесник на 3 Конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора.

Со законските измени во 2023 година, РКЕ стана пионер во регионот во воспоставување на правила за сајбер безбедноста, посочи Рамов кој најави дека регулаторната дигитализација ќе продолжи, а следен чекор е воведување на паметни броила.

— реклама —

“Законот е на сила, а операторите на пренос и дистрибуција треба да направат анализа за воведување на паметни мерни системи (smart meters). Целта е секој граѓанин сам, преку свој мобилен уред или он лине да следи како оди потрошувачката. Во овој момент се прави техничка анализа. Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема повеќе дилеми дали е сметката реална или претпоставена.“ посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ.

— реклама —

Со цел да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија РКЕ уште во 2023 година во соработка со НАРУК (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и УСАИД донесе Правила за сајбер-безбедност. Со нив, за првпат системски се уредуваат обврските на енергетските субјекти во однос на заштитата на мрежите, информациските и оперативните технологии. Во периодот што претстои овие правила ќе бидат усогласени и со новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи што е предуслов за стабилен, сигурен и модерен енергетски систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Нови цени на горивата: бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот поевтинува за 2 денари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поевтинува дизелот за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Од полноќ поскапуваат горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3,5 денари

Македонија | пред 4 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од полноќ нови цени на горивата: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања