Промени тема
Контакт

Роберт де Ниро со жестоки обвинувања кон Трамп: „Што крие?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryuu9l25snmgai3nD2nM2

Актерот Роберт де Ниро го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е „главниот заштитник“ на Џефри Епстин и ја повика американската администрација да ја објави преостанатата документација поврзана со случајот.

Де Ниро ова го изјавил во понеделникот на настан во Њујорк, каде им оддал признание на неколку жртви на Епстин за нивната храброст и истрајност по злоставувањето што го претрпеле.

На настанот, организиран по повод претставувањето на мобилната патувачка библиотека „Donald J. Trump and Jeffrey Epstein Memorial Bookmobile“, Де Ниро изјавил дека необјавувањето на преостанатите документи за Епстин претставува „посебна категорија на зло“.

— реклама —

Камионот, организиран од непрофитната организација „Institute for the Original Facts“, ги содржи досега објавените 3,5 милиони документи за Џефри Епстин од американското Министерство за правда. Возилото патува низ САД со цел да се изврши притисок врз администрацијата да ги објави и преостанатите околу три милиони документи.

На страната на камионот се наоѓа фотографија од Трамп и Епстин, заедно со детална хронологија на нивниот однос.

— реклама —

Обраќајќи им се на присутните во паркот Вашингтон сквер во Њујорк, Де Ниро повика да заврши, како што ја нарече, „мизерната сага за Епстин и неговите заштитници, предводени од Трамп“.

„Еден човек стои на патот кон објавувањето на остатокот: Доналд Трамп. Што крие тој?“, рекол Де Ниро.

Според информациите наведени во објавените документи, Трамп, членовите на неговото семејство и неговиот приватен клуб Мар-а-Лаго на Флорида се споменуваат најмалку 38.000 пати.

— реклама —

Трамп и Епстин биле пријатели пред да ги прекинат односите на почетокот на 2000-тите години. Трамп повеќепати негирал дека знаел за трговијата со луѓе за сексуална експлоатација и за злоставувањето малолетни девојки од страна на Епстин, како и дека учествувал во такви активности.

Демократите, критичарите на Трамп и жртвите на Епстин во повеќе наврати го обвиниле американскиот претседател дека му наредил на Министерството за правда да го блокира објавувањето на преостанатите документи. Трамп ги негира овие обвинувања.

— реклама —

Демократскиот конгресмен од Њујорк, Ден Голдман, одлуката да не се објават преостанатите документи ја нарекол „голема завера“ и го обвинил Трамп дека со години лажел за својот однос со Епстин.

Според организаторите, мобилната библиотека содржи 440 тома документи, со околу 800 страници во секој том. Вкупната тежина на документите е приближно 1.130 килограми.

Џефри Епстин почина во 2019 година во затвор на Менхетен, каде што го очекуваше судењето под обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Американските власти неговата смрт ја оквалификуваа како самоубиство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања