„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Роберта Мецола е реизбрана за претседател на Европскиот парламент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
eu-parlament

Роберта Мецола, малтешка политичарка од Европската народна партија, денеска беше реизбрана за претседател на Европскиот парламент.

— реклама —

Мецола беше избрана со апсолутно мнозинство при тајно гласање, откако за неа гласаа 562 пратеници. Претседател на ЕП се избира со мандат од две и пол години, а противкандидат на Мецола за оваа функција беше Ирене Монтеро од групата Левица, која доби 61 глас.

Мецола ја презеде функцијата претседател на ЕП во јануари 2022 година по смртта на нејзиниот претходник на таа позиција, Дејвид Сасоли. Таа потоа стана најмладата претседателка на ЕП, прва личност од Малта на таа позиција и прва жена претседателка на ЕП од 2002 година.

— реклама —

Мецола првпат беше избран за член на ЕП во 2013 година, а стана потпретседател на ЕП во ноември 2020 година. Претседателот на ЕП претседава со дебатите и активностите на Парламентот, а го претставува и ЕП во Европската Унија (ЕУ) и на меѓународно ниво.

Потписот на претседателот на ЕП е неопходен за законите кои се иницирани врз основа на постапката за соодлучување, како и за буџетот на ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

EP

„Српски свет“ во фокусот на нацрт-извештајот, геополитички проект за контрола на Балканот и влијание врз Северна Македонија“

пред 5 месеци

Нема фотографија

Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања