„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Српски свет“ во фокусот на нацрт-извештајот, геополитички проект за контрола на Балканот и влијание врз Северна Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

EP

Во очи гласањето во Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Северна Македонија, бугарската агенција БГНЕС, освен што објави дека трите најголеми политички групи во ЕП постигнале договор за отстранување на формулациите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од документот, наведува и дека во нацрт-резолуцијата се изразува сериозна загриженост за наводното српско геополитичко влијание во регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

— реклама —

БГНЕС го користи нацрт-извештајот на европратеникот Томас Вајц како основа за критики насочени не само кон македонската држава, туку и кон регионални и глобални фактори. Според агенцијата, документот остро го осудува т.н. проект „Српски свет“, опишувајќи го како геополитичка стратегија на Србија за доминација на Балканот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, и го поврзува со промени на граници и дестабилизација на регионот. Во извештајот се нотира и учество на претставници на македонската влада на состаноци кои се поврзуваат со оваа стратегија, што се оценува како загрижувачко за регионалната стабилност.

Дополнително, БГНЕС пренесува дека во документот е нагласена потребата од отворање на архивите на поранешните југословенски тајни служби – УДБА и КОС – со цел, како што се вели, да се прекине со тоталитарното наследство и да се зајакне транспарентноста и демократијата во регионот.

— реклама —

Во продолжение, еве што пишува БГНЕС:

Во точка 80 од извештајот се изразува: „загриженост во однос на проектот ‘Српски свет’ и фактот дека претставници на владата на Северна Македонија го поддржуваат и промовираат овој концепт; се осудува учеството на средби што имаат за цел воспоставување на сфера на влијание што го поткопува суверенитетот на други држави и стабилноста во регионот.“

Во точка 81 се наведува: „потребата од отворање на архивите на југословенските тајни служби (УДБА и КОС – од времето на југословенскиот диктатор Тито по 1945 година – заб. ред.), кои се чуваат и во Северна Македонија и во Србија, како и потребата тие архиви да бидат отворени на регионално ниво, со цел да се надмине тоталитарното минато на транспарентен начин, за зајакнување на демократијата, отчетноста и институциите на Западен Балкан.“

„Северна Македонија останува цел на непријателски странски влијанија, вклучително и обиди за раздор во општеството и поттикнување на антиевропски ставови, особено преку таблоиди и медиуми на српски јазик, кои служат како регионални засилувачи на руската пропаганда и имаат значително влијание“, се наведува понатаму во документот. Таму се потсетува дека Северна Македонија протерала 13 руски дипломати меѓу 2018 и 2023 година поради активности што не биле во согласност со нивниот дипломатски статус, што укажува на постоење на прикриени мрежи за влијание. Се посочува и дека Кина се стреми да го прошири своето влијание преку контрола на информациите, инвестициска дипломатија и присилни клаузули во договори за инфраструктурни заеми.

Во извештајот се предупредува дека кинеските дипломатски структури финансирале платена содржина и коментари во македонски медиуми без јасно означување. Анализа од 2023 година утврдила дека субјекти поврзани со руската држава користеле српски медиуми за да шират наративи непријателски кон НАТО и да тврдат дека Европската Унија ја притиска Северна Македонија „да се откаже од својот идентитет“.

Во нацрт-резолуцијата, која може да се види од секој граѓанин на веб-страницата на Европскиот парламент, се изразува загриженост дека Северна Македонија и другите држави од Западен Балкан, кандидати за членство во ЕУ, се особено силно погодени од странски мешања и кампањи за дезинформација, вклучително и хибридни закани, стратешка корупција, нетранспарентни финансиски текови и принудни инвестициски практики, особено од Русија и Кина.

Изразена е загриженост и за „улогата на Унгарија и Србија во поддршка на геополитичките цели на Кина и Русија, а во тој контекст – ризикот од зависност од Кина поради асиметрични договори за заеми, како и заемот од Унгарија за Северна Македонија, кој изгледа има кинеско потекло“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања