Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Роботакси возилата на американска компанија повлечени од сообраќај, повеќепати заглавувале во поплави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarylqjupdm6gtknaXfzVed
screenshot x

Waymo привремено ја суспендираше услугата со роботакси возила во пет американски градови поради софтверски проблем што предизвикал дел од возилата да влегуваат во поплавени улици и да остануваат заглавени.

Американската компанија неодамна повлече илјадници роботакси возила по инцидентот од 20 април во Сан Антонио, кога празно возило на Waymo влегло на поплавен пат и било однесено од порој.

— реклама —

По сличен случај во Атланта, компанијата одлучи привремено да ја прекине услугата во пет градови – четири во Тексас и Атланта.

— реклама —

Од Waymo соопштија дека безбедноста е нивен „највисок приоритет“ и дека внимателно ги следат временските услови и предупредувањата.

Проблемот со софтверот, според американските власти, можел да предизвика возилата да забават, а потоа да влезат во стоечка вода со поголема брзина.

— реклама —

Како одговор, компанијата издаде доброволен повик за сервисирање на речиси 3.800 роботакси возила од петтата и шестата генерација на автоматизиран систем за возење.

— реклама —

Истовремено, Waymo привремено ги суспендираше и услугите на автопатите во Сан Франциско, Лос Анџелес, Феникс и Мајами поради проценка на работата на возилата во зони со градежни работи.

Waymo е во сопственост на Alphabet и неделно реализира повеќе од 500.000 возења во неколку американски градови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Иран поднесе тужби во пет земји по нападот врз училиште во кој загинале 123 деца

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Шефот на американското разузнавање: „Путин не ѝ е пријател на Америка кога станува збор за Украина“

Свет | пред 19 часа

media-libraryake5lc9jnrqrfoOuHAD

„Напијте се пиво и разговарајте“: Лула откри како ги повикал Трамп, Си и Путин на средба

Свет | пред 20 часа

media-librarytnmuqi4pah9ralMf7o3

Трамп објави фотографии од Кина со Путин и Си Џинпинг: „Тоа се мои пријатели“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања