Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Рочиште „Титаник“: Се читаа СМС пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и Зоран Ставрески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
titanik

Обвинителката Лиле Стефановска на денешното рочиште „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности, прочита околу 20 смс пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, во кои тие разговараат за исплаќање субвенции, пензии, денационализација и плати, во пресрет на изборите 2011 година, објави МИА.

Во една од пораките Јанкулоска му се жали на Ставрески „имам молба во Куманово не биле исплатени субвенции и ако имало услови побрзо да се исплатат“, на што Ставрески и одговара дека „треба некој да провери, имам списоци со субвенции што не добиле, ама ми ги пишуваа на рака пред кооперација“.

— реклама —

Во друга порака, Ставрески и пишува на Јанкулоска „исплативме пензии, субвенции, денеска оди за млеко, лозари, 25 милиони за денационализација, за плати… да живее ММФ, да живее Македонија“.

Јанкулоска, во смс порака го прашува Ставрески дали има „стопирани налози во култура“ и дали има проблем, на што Ставревки и оговара „не, секогаш има повластен третман Бети“, на што Јанкулоска враќа „Боже, ама баш налозите за култура се клучни за изборите“.

— реклама —

Обвинителката Стефановска прочита и околу 70 смс пораки меѓу Гордана Јанкулоска и советниците во во МВР Киро Тодорвоски и Ристе Ставревски од мај 2011 година, преку кои биле договарани списоци за вработување по број од гласачко место, за „тргање“ командири и полицајци кои „турбо“ работат за противници, но и за вршење работи за казни и инспекции на луѓе од месните комитети.

На почетокот судијата Осман Шабани, констатира дека во судница е присутен и технички советник на предлог на одбраната.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања