Промени тема
Контакт

Родилки без породилно за февруари, Фондот без одговор кога ќе има исплата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
bankomat

Мајките родилки реагираат дека сè уште не им е исплатен породилниот надоместок за февруари, иако месецот е при крај. Дел од нив велат дека се соочуваат со сериозни финансиски тешкотии поради доцнењето, особено имајќи ги предвид тековните трошоци за новороденчињата и домашниот буџет.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, не одговори на прашањата на „Скопје1“ кога е реализирана последната исплата, односно за кој месец се однесувала, како и зошто доцни исплатата за февруари. Од институцијата засега нема официјално соопштение со објаснување за причините за застојот.

— реклама —
— реклама —

Ова не е првпат исплатата на породилните надоместоци да доцни во периодот на раководење на Клековски. Во ноември минатата година исто така имаше задоцнување, при што од Фондот тогаш тврдеа дека е невозможно да поминат 30 дена без исплата, иако средствата не беа префрлени на сметките на родилките.

— реклама —

Мајките бараат јасен одговор кога ќе ги добијат средствата и дали станува збор за технички проблем или за системски застој во исплатата, оценувајќи дека ваквите доцнења создаваат дополнителен притисок врз семејствата во чувствителен период по породувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fzom_8

Над 623 милиони денари исплатени за боледувања во август, 414 милиони за породилни

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

ФЗО најавува проширување на позитивната листа со антикоагулантни терапии

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybek7icoedlv0773MyIZ

ФЗО најавува нови реформи и развој на здравствениот систем

Македонија | пред 3 месеци

lekari-715x420

ФЗО апелира: Јавните здравствени установи да обезбедат хелиум за МР апарати

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања