Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars
unsplash

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен маж осомничен за кривично дело „Насилство врз дете“ по инцидент што се случил во дворот на основно училиште во Илинден.

Според информациите од обвинителството, на 22 мај осомничениот извршил физичко и психичко насилство врз дете родено во 2013 година.

— реклама —

Инцидентот се случил откако синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник во училишниот двор, по што го повикал таткото. Кога пристигнал во училиштето, 49-годишникот најпрво почнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а потоа и физички го нападнал.

— реклама —

„Во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и подливи“, соопшти обвинителството.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост. Се бара осомничениот редовно да се јавува во судот, како и да му биде изречена забрана за приближување до оштетеното дете.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели Јаневска

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец

Македонија | пред 1 месец

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Зголемен број случаи на семејно и родово базирано насилство во Скопје и Тетово

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvb7a5c39bbcmcEQpsEb

Обвинителката Тополова предупредува: 798 постапки за семејно насилство запрени поради повлекување на жртвите

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања