Родителите на судијата од скопска Апелација, Ѓоко Ристов, тврделе дека парите. 350.000 евра најдени скриени зад плочки во ѕид не се на нивниот син, туку нивна сопственост, стекнати од земјоделие.
Кога истражителите односно полицијата побарала појаснување, родителите на Ристов рекле дека се од „лозје“. Ова беше соопштено на брифингот со новинарите од обвинителката Искра Хаџи Василева која го води предметот за противправно стекнување имот и перење пари против судијата.
Обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека „одбраната која беше дадена од осомничениот, Обвинителството не го убеди, наспроти нашите докази, кажувањата. Одбраната дека се од земјоделие и на родителите – мене не ме убеди“.
Признавањето дека парите се на родителите на Ристов, а не на судијата, дошле откако биле најдени. Претходно, на прашања од полицијата односно истражителите кажале дека не чуваат дома пари. На претресот кој според Обвинителството е законит, не присуствувал судијата кој сега е во домашен притвор.
Инаку Ѓоко Ристов не бил на ПИ-мерки. Обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека има и други сведочења во контекст на дадени пари за наместени судски одлуки.
„Има и други сведочења, ќе видиме што ќе донесе истрагата. Осомничениот (Ѓоко Ристов) никогаш не бил на ПИ-мерки. Паралелно тече финансиска истрага. Финансиските истраги бараат дополнително време, многу институции ви даваат податоци, да врзите математички, сопствености. Паралелно со финансиската истрага која ви дава доста сознанија и докази, станува јасно дека кога барате кеш-пари, тешко е да фатите пари на рака. Имаше многу луѓе кои пријавуваа, имаше покредибилни пријави за адвокати, за други лица“, рече обвинителката на брифинг со новинарите.
Повеќе детали за тоа како се најдени парите:
Како истражителите ги најдоа парите во ѕид: „Се потрудивме да не кршиме, ама дупката се појави одма, а низ неа парите“
Во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов биле извршени два претреси на иста локација, при што првиот обид завршил без пронаоѓање пари, иако истражителите наишле на тазе бетон и дупка под него. Дури при вториот претрес, кога тимовите на Министерството за внатрешни работи со истражителите на ОЈО-ГОКК влегле со повеќе опрема и засилени истражни капацитети, биле откриени скриени пари.При вториот влез во куќата, истражителите ги прашале родителите на судијата дали поседуваат пари, на што тие од
Македонија | пред 5 месеци