Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Родителите што им наметнуваат печатени учебници им штетат на децата, вели Царовска,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51526704661_1990f1f880_c

МВР има укажувања, а и постапувања каде што се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални.

– Биро за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министетството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување – рече Царовска.

— реклама —

Таа додава дека просветните инспектори се постојано на терен за да контролираат дали се користат фотокопирани учебници за четвртоодделенците апелирајќи да се користат дигиталните верзии.

— реклама —

Царовска повтори дека учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што, рече. тоа е од највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и за следење на наставни содржини проследени со мултимедија и квизови кои ги нема во печатената верзија.

— реклама —

– Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални улчебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална псименост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење – истакна Царовска.

Печатени верзии на учебниците МОН има набавено 20 отсто од вкупниот потребен тираж и ги има платено и пратено до училиштата за да се обезбедат учениците кои немаат електрична енергија дома да може да ги имаат кај себе, а одреден број примероци и за користење во училишните библиотеки.

– За сите останати, МОН набави дигитални уреди, таблети, и околу 3500 до денеска се дистрибуирани и на располагање на општините им се уште 6500 од вкупно 10.000 набавени. Тоа значи дека секој ученик треба да има пристап до дигитален уред освен оние коишто немаат електрична енергија во домашни услови и за нив се обезбедени печатени – додаде министерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања