Промени тема
Контакт

Родри шокиран од тренинзите на Барса: „Беа понапорни од било кога“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Спорт
media-library06v62a7tp62d1B8ccpG
Facebook/FIFA

Барселона доби сериозно засилување со ангажманот на шпанскиот репрезентативец Родри, кој дополнително ги освои симпатиите на навивачите откако ја одби понудата од Реал Мадрид.

Искусниот играч за врска треба да донесе дополнителен квалитет во тимот на Ханси Флик, но откри дека самиот бил изненаден од интензитетот на тренинзите по пристигнувањето во каталонскиот клуб.

„Да бидам искрен, бев многу изненаден од начинот на кој се тренира. Првите денови навистина беа тешки“, изјави Родри.

— реклама —

Шпанецот откри и дека очекувал тренинзите во Барселона да бидат повеќе насочени кон движењето и поседот на топката, но реалноста била поинаква.

— реклама —

„Флик е многу поразличен од Гвардиола. Мислев дека кога ќе дојдам во Барса, повеќе внимание ќе се посветува на вежби поврзани со движењата и поседот на топката, но излезе дека тренинзите се понапорни од кога било досега“, рече Родри.

Играчот за врска призна дека интензитетот на почетокот бил толку голем што дури си поставил прашање дали направил вистински избор.

— реклама —

„На почетокот ми прелета мислата: Каде ли дојдов?“, откри Родри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynpp75affheareGT61Q5

Родри го напушти Манчестер Сити и се пресели во Барселона

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања