„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ројтерс: Трамп подобар кандидат за економски прашања, Бајден за зачувување на демократијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
bajden-tramp

Гласачите во САД сметаат дека кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори Доналд Трамп е подобар кандидат кога станува збор за економијата, но сметаат дека кандидатот на Демократската партија Џозеф Бајден е подобар кандидат кога станува збор за зачувување на демократијата.

— реклама —

Анкетата на Ројтерс и истражувачката агенција Ипсос покажа дека двата клучни проблеми за гласачите во САД се состојбата на демократијата и економските проблеми, при што 47 отсто од анкетираните веруваат дека Трамп е подобар избор за тој проблем, додека 37 отсто од нив рече дека Бајден е подобар.

Кога станува збор за прашањето за имиграцијата, 44 отсто од анкетираните сметаат дека Трамп е подобар избор, додека 31 отсто од нив веруваат дека Бајден е подобар, а Ројтерс додава дека во 2022 година 13,9 отсто од населението го сочинувале имигранти, што е највисок процент во овој век.

— реклама —

На Трамп се гледа и како подобар кандидат во однос на надворешните конфликти и тероризмот со 40 отсто спрема 35, но Бајден е подобар кандидат кога станува збор за одговор на екстремизмот и заканите по демократијата, со 39 отсто наспроти 33, што според испитаниците е вториот најголем проблем во САД.

Бајден води и кога станува збор за здравствената заштита со 40 наспроти 29.

Според претходните анкети на Ројтерс и Ипсос, Бајден и Трамп биле главно изедначени, но зголемување на популарноста на Трамп е забележано во некои сојузни држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања