Промени тема
Контакт

Рубио: Извештајот за труењето на Навални е вознемирувачки, немаме причина да го оспориме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library08fm70coif6f6WywHwR

Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека извештајот на пет европски сојузници, со кој Русија се обвинува за убиството на покојниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, со токсин добиен од отровни жаби, е „вознемирувачки“, додавајќи дека Вашингтон нема причина да ја доведува во прашање таа проценка.

Говорејќи на прес-конференција во Братислава за време на посета на Словачка, Рубио изјави дека САД се запознаени со извештајот и дека немаат основ да го оспорат.

— реклама —

„Свесни сме за извештајот. Тој е вознемирувачки. Свесни сме за случајот со господинот Навални и без сомнение немаме причина да го доведуваме во прашање“, рече Рубио.

— реклама —

Во заедничка изјава, Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија соопштија дека анализите на примероците од телото на Навални потврдиле присуство на епибатидин – токсин што се наоѓа кај одредени видови отровни жаби во Еквадор и кој во вообичаени околности не се среќава во Русија.

Руската Влада, која и претходно негираше каква било одговорност за смртта на Навални во арктичката казнена колонија во февруари 2024 година, ги отфрли најновите обвинувања оценувајќи ги како „западна пропагандна измама“, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

— реклама —

На прашањето зошто САД не се приклучиле на заедничката изјава, Рубио одговори дека европските земји самостојно дошле до таквиот заклучок врз основа на сопствени разузнавачки информации.

— реклама —

„Тие земји го направија тоа координирано. Ние донесовме сопствена одлука, но тоа не значи дека не се согласуваме со исходот. Понекогаш одредени земји преземаат чекори врз основа на податоците што ги поседуваат“, изјави тој.

Навални почина во затворска колонија во Арктикот во февруари 2024 година, откако беше осуден за екстремизам и соочен со повеќе други обвиненија, кои тој ги негираше. Неговата смрт предизвика остри реакции во меѓународната заедница и дополнително ги заостри односите меѓу Москва и западните држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Криста Пајк одбила последен оброк пред неуспешната егзекуција, побарала парите да им се дадат на бездомниците

Свет | пред 21 час

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сака САД да престанат со поместувањето на часовникот, предлогот заглави во Сенатот

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Европа се согласи веднаш да ослободи огромни количини дизел

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања