Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија ги повика САД да се приклучат на мировните преговори со Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library4slanqq0cjmp5XS7bQH

Русија очекува продолжување на мировните преговори за завршување на војната во Украина и ги повикува Соединетите Американски Држави да се вклучат во процесот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесуваат руските агенции РИА Новости, РБК и ТАСС.

Песков потсети дека мировниот процес моментално е „во застој“.

— реклама —

„Сепак, очекуваме преговорите да продолжат и нашите американски колеги во таа насока да вложат мировни и посреднички напори“, изјави тој.

— реклама —

Портпаролот на Кремљ повторно тврдеше дека Русија во Украина гаѓа „само воени или речиси воени цели“, а истовремено обвини дека украинските вооружени сили напаѓаат инфраструктурни објекти на руска територија.

Преговарачкиот процес речиси целосно е запрен од крајот на февруари и почетокот на судирите меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга страна.

— реклама —

Најавената посета на преговарачите на Доналд Трамп на Киев „по Велигден“ не беше реализирана.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот на април изјави дека Украина е подготвена за нова рунда мировни преговори со Русија во трилатерален формат.

Потоа, на 14 мај, Зеленски порача дека очекува деблокада на преговорите и интензивирање на дипломатијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 14 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 16 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања