Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Русија го гони Apple: Не ги почитувал правилата за домашните апликации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl
unsplash

Руската Федерална антимонополска служба (ФАС) покрена постапка против компанијата Apple, обвинувајќи ја дека на уредите со оперативен систем iOS не ги прединсталирала задолжителните руски апликации.

— реклама —

Од ФАС соопштија дека Apple не го испочитувал ниту претходното предупредување да ги отстрани, како што наведуваат, дискриминаторските услови што се однесуваат на руските интернет-прелистувачи и софтверски производи.

— реклама —

Постапката е поведена согласно со рускиот Закон за заштита на конкуренцијата, а од службата посочуваат дека нивната одлука се темели на претходни случаи против Apple, кои биле потврдени и од судовите.

Доколку се утврди дека компанијата ги прекршила законските прописи, би можела да се соочи со парична казна според рускиот Закон за административни прекршоци.

— реклама —

Во меѓувреме, Apple на 27 јули соопшти дека новата верзија на неговиот софтвер ќе овозможи прединсталирање на руски интернет-прелистувач.

— реклама —

Во последните години руските власти воведуваат сè построги правила за странските технолошки компании со цел да обезбедат поголема застапеност на домашните дигитални услуги на уредите и платформите што работат на рускиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија официјално се повлече од Европската конвенција за спречување тортура

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Русија на три месеци го забрани извозот на дел од петрохемиските производи

Свет | пред 13 часа

media-libraryobu75oumfur8cAhY8cv

(Фото) Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски

Свет | пред 1 ден

media-library8jp6d7ildh1i5S48UU0

Русија нападна парк во близина на училиште во Украина: Загинаа 13-годишно девојче и жена

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања