Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија и Кина со заедничка изјава ги осудија американските воени интервенции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryrgt4e9gdto696h8J9NT

Русија и Кина објавија заедничка изјава за „продлабочување на добрососедските односи, пријателството и соработката“, во која индиректно ги критикуваат воените акции на САД во светот.

— реклама —

Во документот, кој беше објавен по средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, се осудуваат „различни форми на воен авантуризам“, што според анализите се однесува на американските активности во Иран и Венецуела во изминатите месеци.

— реклама —

Во изјавата се осудуваат „подмолни воени удари врз други држави, лицемерна употреба на преговори како параван за подготовка на такви напади, атентати врз лидери на суверени држави, дестабилизација на внатрешните политички состојби и поттикнување промени на режими“.

— реклама —

Москва и Пекинг оценуваат дека таквите постапки „грубо ги прекршуваат целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации, нормите на меѓународното право и меѓународните односи“ и му нанесуваат штета на светскиот поредок воспоставен по Втората светска војна.

— реклама —

Со заедничката изјава, Русија и Кина дополнително се позиционираат како поддржувачи на нов мултиполарен меѓународен поредок, во време на растечки глобални тензии и несигурност околу улогата на САД на светската сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 1 минута

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 4 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 17 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања