Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Русија ја блокира испораката на казахстанска нафта за Германија, Полска помогна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
nafta-mazut

Германската рафинерија ПЦК обезбеди нафта од Јужна Америка преку Полска за да го одржи стабилното производство, откако беа прекинати испораките од Казахстан преку нафтоводот „Дружба“.

— реклама —

Рафинеријата во градот Шведт, која сè уште е во мнозинска сопственост на рускиот нафтен гигант „Росњефт“, има клучно значење за снабдувањето со гориво во Германија. Таа покрива околу 90 проценти од потребите на Берлин, а со нафтни деривати снабдува и делови од Полска.

— реклама —

Иако германската влада во 2022 година ја презеде управата врз германската подружница на „Росњефт“, компанијата формално останува мнозински сопственик на рафинеријата.

Русија, во меѓувреме, ги запре испораките на казахстанска нафта, повикувајќи се на технички причини, поради што Берлин бараше алтернативни извори за снабдување. Германската министерка за економија, Катарина Рајхе, неодамна изјави дека разговорите со Полска за обезбедување нови испораки се одвиваат успешно и оцени дека снабдувањето со нафта во Германија не е загрозено.

— реклама —

Полската компанија „Унимот Палива“ потврди дека започнала испораки на нафта за ПЦК, а според германските медиуми, за јули се планирани уште две пратки. За викендот, во пристаништето Гдањск пристигна танкер со нафта од Гвајана.

— реклама —

Од полската компанија истакнуваат дека сигурноста на снабдувањето не зависи само од земјата од која доаѓа нафтата, туку и од начинот на организирање на испораките, транспортната инфраструктура и деловниот модел преку кој се реализира целиот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија официјално се повлече од Европската конвенција за спречување тортура

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Русија на три месеци го забрани извозот на дел од петрохемиските производи

Свет | пред 15 часа

media-libraryobu75oumfur8cAhY8cv

(Фото) Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски

Свет | пред 1 ден

media-library8jp6d7ildh1i5S48UU0

Русија нападна парк во близина на училиште во Украина: Загинаа 13-годишно девојче и жена

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања