Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија на три месеци го забрани извозот на дел од петрохемиските производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Руската влада привремено го ограничи извозот на одредени петрохемиски производи, со исклучок на испораките кон земјите членки на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ). Забраната ќе важи три месеци, а целта е да се обезбеди непречено снабдување на домашните индустриски компании со суровини, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на информација од владината интернет-страница.

— реклама —

Мерката ги опфаќа катранот од камен јаглен, нафтениот бензол, толуенот, ортоксиленот, параксиленот и фенолот.

— реклама —

Овие хемикалии се користат во производството на бои и лакови за автомобилската и воздухопловната индустрија, бродоградбата и железничкиот сектор. Нивната примена опфаќа и производство на амбалажа за храна, подни облоги, изолациски материјали за кабли и медицински производи.

— реклама —

Покрај земјите од Евроазиската економска унија, од забраната се изземени и петрохемиските производи што се превезуваат во меѓународен транзит, пратките со меѓународна хуманитарна помош, како и испораките наменети за руски организации на норвешкиот архипелаг Свалбард.

— реклама —

Според „Интерфакс“, испораките на овие хемикалии од Русија веќе се опфатени со санкциите на Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 1 ден

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања