Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Русија побара од Украина да ги екстрадира сите поврзани со терористички напади во Русија, вклучително и шефот на тајната служба СБУ, соопшти вчера руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението на Министерството се наведува списокот на насилни инциденти што се случиле во Русија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, вклучително и бомбашки напади во кои загинаа ќерката на истакнат руски националист и воен блогер, како и инцидент во кој сериозно беше повреден писател.

— реклама —

Министерството истакна дека истрагите за овие инциденти покажале дека „трагите од овие злосторства водат во Украина“. „Русија ги достави до украинските власти своите барања... за итно апсење и екстрадиција на сите поврзани со предметните терористички напади“, се вели во соопштението.

— реклама —

Меѓу бараните е и шефот на СБУ Васил Маљук, кој призна дека неговата служба стои зад нападот на мостот на Крим. „Руската страна бара режимот во Киев веднаш да ја прекине секаква поддршка за терористички активности, да ги екстрадира одговорните и да им плати отштета на жртвите“, се вели во соопштението.

„Кршењето на Украина на нејзините обврски од конвенциите за борба против тероризмот ќе резултира со тоа Украина да биде повикана на одговорност во меѓународна правна смисла“, се вели во соопштението.

— реклама —

Руското соопштение се однесува и на масакрот овој месец во концертната сала во близина на Москва во кој загинаа 144 лица, но само индиректно. Да потсетиме, одговорноста за тој напад ја презеде терористичката организација Исламска држава, која нема никаква врска со Украина.

— реклама —

СБУ веднаш ги отфрли руските барања како „бесмислени“ и рече дека руското министерство „заборавило“ дека рускиот претседател Владимир Путин е предмет на меѓународна потерница за носење деца од Украина во Русија.

Барањата на Русија „звучат особено цинично со оглед на тоа што доаѓаат од терористичка држава... Затоа, какви било зборови од руското МНР се бесмислени“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 19 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 1 ден

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања