Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија повикува на обновување на односите со САД, но под сопствени услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
sergej-lavrov

Рускиот Совет на Федерацијата денеска му препорача на Министерството за надворешни работи на Русија да продолжи со напорите за обновување на полноправните односи меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, водејќи сметка за руските национални интереси. Ова е наведено во резолуцијата што беше усвоена по обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред членовите на горниот дом на рускиот парламент.

— реклама —

Во текстот на резолуцијата се истакнува потребата од продолжување на работата на обновување на односите на заемно корисна основа, како и изградба на дијалог со САД кој ќе ги земе предвид интересите на Русија и значењето на одржливо решение за состојбата во Украина. Притоа, се нагласува дека решавањето на конфликтот мора да ги адресира, како што наведуваат руските власти, „основните причини“ за украинската криза.

— реклама —
— реклама —

Советот на Федерацијата, исто така, упати апел до земјите што Москва ги дефинира како дел од „глобалното мнозинство“ да се дистанцираат од, како што се наведува, конфронтациската политика на Советот на Европа кон Русија.

— реклама —

Резолуцијата доаѓа во услови на продолжени тензии меѓу Москва и западните земји, при што руските власти сè почесто нагласуваат дека евентуалната нормализација на односите со САД мора да се темели на рамноправност, почитување на суверенитетот и признавање на руските позиции во однос на безбедносните прашања и конфликтот во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 7 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 20 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања