Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Русија се закани со нуклеарен напад доколку НАТО се обиде да го отсече Калининград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryk2h2dvajpql9aO9Pyr7
фото: unsplash

Русија го предупреди НАТО дека е подготвена да го искористи и нуклеарното оружје доколку западната алијанса се обиде да ја изолира руската енклава Калининград.

Во дипломатска нота испратена до НАТО, Москва ја обвини алијансата за „опасен и непромислен курс“, кој, според Русија, носи висок ризик од избувнување на директен вооружен конфликт.

— реклама —

Во документот се наведува и можноста за руски напади врз центрите за носење одлуки во земјите-членки на НАТО.

— реклама —

„Русија ќе биде подготвена да го искористи целиот арсенал на сили и капацитети што ѝ се на располагање, вклучително и нуклеарно оружје, со цел да ја одбрани својата територија, доколку земјите на НАТО преземат каков било обид да го изолираат калининградскиот регион од остатокот на земјата“, се наведува во дипломатската нота.

Калининград е силно милитаризирана руска територија која се наоѓа меѓу Полска и Литванија.

— реклама —

Од НАТО во писмена реакција порачаа дека алијансата е одбранбен сојуз посветен на спротивставување на заканите за своите членки од сите правци.

— реклама —

„Ниту една од вежбите или активностите на НАТО не претставува закана за територијата на Руската Федерација. Ја повикуваме Руската Федерација да стави крај на својата неиспровоцирана инвазија врз Украина. Бараме од Руската Федерација да се воздржи од сè поневнимателното однесување кон алијансата и да престане со својата неодговорна нуклеарна реторика“, соопшти НАТО.

Висок европски функционер изјави дека ова е првпат по Студената војна Русија да упати ваква закана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-library1an1sk40d3kge8nXcYm

(Видео) Украина тврди: Русија подготвува уништување на сите стратешки мостови на Днепар

Свет | пред 20 часа

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 1 ден

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања