Промени тема
Контакт

Русин уапсен во Скопје – изнудувал 20.000 евра со закани за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library05ol27tftfj1crMAwXz
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против државјанин на Русија, со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради сомнение дека извршил кривично дело „изнуда“, казниво по член 258 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот во периодот од јули 2024 до 9 октомври 2025 година, со сериозни закани врз животот и телото на оштетен граѓанин во Скопје, се обидел да прибави противправна имотна корист за друго лице.

— реклама —

Тој на жртвата повеќепати ѝ се заканувал дека, доколку не го врати наводниот долг кон лице од Босна и Херцеговина во износ од 300.000 евра, ќе го загрози животот на него и на неговото семејство.

— реклама —

По неколку средби, на 9 октомври осомничениот лично зел 20.000 евра во готово од оштетениот, по што бил веднаш лишен од слобода.

— реклама —

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Обвинителство отвори предмет за петте тони марихуана запленети во Србија

Македонија | пред 6 месеци

rocista

Предметот „Адитив“ добива продолжение – судот одобри обвинение, нови тројца под истрага!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Финансиска полиција открила финансиски скандал во М-НАВ

Македонија | пред 1 година

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Страотни детали од кривопаланечко: Тргнале да крадат, па го убиле газдата на имотот, а телото му го запалиле

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања